КултураКаспер Туксен, дански кинематографер: Светлината е клучен елемент во филмотЖал ми е што не можев физички да присуствувам на Фестивалот, поради пандемијата и се надевам дека од следната година веќе ќе може да патуваме и би сакал да присуствувам на „Браќа Манаки". Реномираниот дански кинематографер Каспер Туксен има солидна филмографија од над 50 филмски наслови, меѓу кои и неколку комерцијално успешни филмови од кино репертоарите (последниот од нив е ЈАВАЧИ НА ПРАВДАТА, со Мадс Микелсен во главната улога). Филмот со кој Каспер Туксен се претстави на фестивалот „Браќа Манаки" е „Најлошата личност на светот"/ THE WORST PERSON IN THE WORLD, кој е всушност последен од „Трилогијата од Осло" на норвешкиот режисер Јоаким Триер, по филмовите РЕПРИЗА од 2006 година и ОСЛО, 31 АВГУСТ од 2011 година. -Жал ми е што не можев физички да присуствувам на Фестивалот, поради пандемијата и се надевам дека од следната година веќе ќе може да патуваме и би сакал да присуствувам на „Браќа Манаки". Светлото е клучно во овој филм бидејќи се претставуваат многу сезони од годината. Иако сум од Данска, не е многу различна од Осло. Таму поминав 4 месеци само во проучување на светлината и всушност имав можност да го видам светлата на Осло во една година и беше добра тактика цел ден да се помине на местото каде што ќе се снима и да го гледам светлото, да го проучувам и да испланирам како ќе се снима секоја сцена во било кој дел од денот. Сценариото зависи од светлото од самиот почеток бидејќи филмот почнува со сцена од зајдисонце, има многу периоди каде се менуваат делови од денот и сето ова се реализираше на овој начин бидејќи и режисерот сметаше дека светлото е клучно за визуелизацијата на неговата приказна, рече Туксен на денешната прес конференција. Во филмот „Најлошата личност на светот" следиме неколку епизоди од животот на една шармантна и интелигентна млада жена. Пред неа се можностите за речиси се' што може да посака, живее во едно од најнапредните општества, но сепак изгледа дека почнува да ги испушта шансите кои ѝ ги дава животот и времето почнува да ја притиска. Особено е впечатлива смрзнатата сцена која преставува вистинска магија. -За таа сцена вештачко светло се употребуваше само кога девојката си оди во станот и се враќа и светлото во станот. Се останато е изведено со снимање во право време и на право место. Ова е многу интересен пристап, луѓето требаше само да седат мирни, тоа во последно време е често употребувана метода, но нагласувам дека најголемиот дел од таа сцена е изведен под природно светло, објасни Туксен. Селекторот Слаѓан Пенев го замоли Туксен да каже што мисли за системот за осветлување на Кристијан Бергер, кој е годинашен лауреат на „Златна камера 300" за животен опус на „Браќа Манаки" и кинематограферот истакна дека е запознат со ситемот на Бергер, но многу малку гафери знаат да ги работат неговите огледалца. -Во Шведска имав можност да ги користам. Иако не беа неопходни беа корисни за рефлекција на Сонцето. За мене осветлувањето на еден филм е успешно направено кога не им пречи на актерите. Отсекогаш сакав да снимам со Јоаким бидејќи и тој верува во додавање на боите во светлата, да се потенцира руменилото на образите и светлината во очите на актерите, раскажа Туксен. Ова е филм кој лесно ве вози низ приказната, нудејќи доволно содржини за забава и за тага, а прекрасно фотографираните интериори и екстериори на еден од врвните архитектонски градови, Осло, ја дополнуваат пријатната атмосфера на убавините и удобствијата на средната класа во напредните општества. -Ми беше чест што работев на филм за борбата на една млада жена низ животот, што ме натера да помисла, на сопругата, на сестра ми, на сите мои жени пријателки, поранешни девојки..., рече Туксен. Главната актерка, Ренате Реисве ја доби наградата за најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Кан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
АвтомобилизамВидео: Мекларен го враќа она што фановите го чекаа 34 години!Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“.Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“; инспириран од недовршениот проект M6GT на основачот Брус Мекларен, возилото треба да влезе во сериско производство во 2028 година. Според Motor1, главната одлика на новиот модел е мануелниот менувач кој ја пренесува силата од V8-моторот на задните тркала – со што McL 6GT станува првиот Мекларен со ваков систем уште од легендарниот модел F1, претставен во 1992 година – додека конструкцијата дополнително се одликува со монокок и каросерија изработени од јаглеродни влакна. McLaren го замислил автомобилот како спој на модерна технологија и традиционално возачко искуство; покрај дигиталните инструменти, тој располага со физички контроли, алуминиумски прекинувачи, хидрауличен систем за управување и класична рачка за менувачот, додека дизајнот вклучува бројни детали што им оддаваат почит на историјата на компанијата и на Брус Мекларен. McLaren’s manual supercar revealed! Say hello to the McL 6GT. pic.twitter.com/bzT0ZAs59N — Motor1 (@Motor1com) August 14, 2026 Целосните спецификации и цената сè уште не се објавени, но McLaren потврди дека серискиот модел McL 6GT ќе биде позициониран над моменталната палета на спортски автомобили и суперспортски возила на компанијата, што укажува на тоа дека ќе биде еден од најексклузивните модели на овој британски бренд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЖивотВидео: Кози „ без билет“ се возат со автобусДве избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците, козите одлучиле да се качат во автобус на јавниот превоз.Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз. Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа. „ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата. Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар. Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.Тагови: коза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook