Касемиро за Анчелоти: Тој ги трансформираше Винисиус и Милитао во Реал, тешко е да се најде некој што не се сложува со него - Канал 5

Касемиро за Анчелоти: Тој ги трансформираше Винисиус и Милитао во Реал, тешко е да се најде некој што не се сложува со него

Бразил синоќа во Лондон го победи Сенегал со 2:0 во пријателски натпревар. Стрелецот на вториот гол, Касемиро зборуваше за улогата на селекторот Карло Анчелоти во развојот на Винисиус и Едер Милитао.

Касемиро за Анчелоти: Тој ги трансформираше Винисиус и Милитао во Реал, тешко е да се најде некој што не се сложува со него

- Секогаш се сложував многу добро со него. Кога дојде во Реал Мадрид по втор пат, го трансформираше Вини. Луѓето имаа сомнежи за Винисиус, но Анчелоти беше тој што ги трансформираше Вини и Милитао. Секогаш се сложуваше одлично со Бразилците. Тешко е да се најде некој што не се сложува со него. Како што велат во фудбалскиот свет, тој сака да се шегува за да создаде забавна атмосфера. Но, кога ќе дојде време за натпревар, тој е немилосрден, рече поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид и сегашен играч на Манчестер јунајтед.

Бразил го донесе Анчелоти со надеж дека ќе успее да го освои Светското првенство 2026. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години.

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период кога и обединетото кралство и Европската унија подготвуваат слични ограничувања. Законот ќе се воведува постепено. Од септември оваа година, лицата помлади од 15 години нема да можат да отвораат нови профили, а проверката на возраста ќе стане задолжителна за сите нови корисници.

Од јануари 2027 година мерката ќе се прошири и на постојните профили, што значи дека сите корисници во Франција ќе мора да докажат дека имаат најмалку 15 години за да продолжат да користат социјални мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби.

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени

На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината.

Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат безбедносните ризици на своите згради( фасади и покриви), како и апел до општествено одговорни фирми и партнери да се вклучат со својата механизација во расчистувањето на паднатите кровни конструкции.


Дополнително, хигиеничарите на ПОЦ ќе бидат распоредени во неколку смени за да бидат постојано присутни на терен и да помагаат во расчистувањето на паднатите дрва, гранки и други остатоци.


„Безбедноста сега е клучна. Мора да има координација меѓу куќните совети и станарите, а солидарноста и одговорноста мора да бидат на високо ниво. Нашите екипи на терен се поделени во две смени, а попладневната екипа е подготвена да реагира и доколку има ново невреме. Дополнително, и администрацијата во Општината доби наредба да се вклучи во напорите за расчистување. Сите сили мора да ги впрегнеме заедно, затоа што станува збор за елементарна непогода,“ истакна Герасимовски.


Во текот на синоќешните и денешните активности се расчистени повеќе локации низ Центар. Со тешка механизација се подигнати лимените конструкции од крововите на повеќе места, меѓу кои во Буњаковец, на улицата Благоја Давков , спроти трговскиот центар „Рамстор“ и кај „Агромеханика“. Во исто време интензивно се работи на отстранување на паднати дрва, гранки и шут низ улиците.


Герасимовски уште еднаш ги повика граѓаните да останат внимателни и да се вклучат во заедничките напори за побрзо справување со последиците од невремето

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт

Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус.

Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за волја на вистината, немаа никаква врска со суштината, тие потоа не го потпишаа законот кој повеќе им одговараше на нив отколку на ВМРО-ДПМНЕ.

За СДС, Левица и ДУИ очигледно е поважно да произведат политички конфликт, отколку да придонесат за решение што е во интерес на државата. Создаваат алиби за поразот на следните избори, а дополнително и се обидуваат кога имаат можност да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската агенда.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, без разлика на обидите на СДС, Левица и ДУИ секој процес да го претворат во политичка пресметка.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер