Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти - Канал 5

Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на натпреварот од 9. коло од шпанското фудбалско првенство.

Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти

Реал синоќа го доби Виљареал со 2:0, но го загуби Карвахал до крајот на сезоната.

- Сериозна повреда на вкрстените лигаменти. Јас сум пред операција и веќе со нетрпение очекувам да започнам со закрепнувањето и да се вратам како „ѕвер“. Ви благодарам на сите за вашите пораки со поддршка, се чувствувам многу сакан, напиша Карвахал на социјалните мрежи.

Триесет и двегодишниот Шпанец се судри со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилки./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина

Сали денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце.

Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце, проект од стратешко значење за инфраструктурното поврзување, економскиот развој и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Косово.

На церемонијата присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, како и претставници на институциите и други гости.

Во своето обраќање, Сали истакна дека почетокот на работите претставува многу повеќе од инфраструктурна инвестиција, оценувајќи дека станува збор за инвестиција во поврзувањето на луѓето, семејствата, бизнисите и пазарите на двете земји.

„Со почетокот на работите на овој автопат го поставуваме и камен-темелникот на нашата заедничка, интегрирана и развиена иднина. По воспоставувањето на системот ‘One Stop Shop’, изградбата на овој пат значи дека Скопје и Приштина стануваат уште поблиски. Практично, на овој начин ја создаваме Европа уште пред да станеме членки на Европската Унија“, истакна Сали.

Тој нагласи дека автопатот Скопје–Блаце ќе овозможи побрзо и побезбедно движење, ќе го олесни транспортот и ќе создаде подобри услови за економски развој и регионална соработка.

Сали посочи дека добрососедството не се мери само со изјави, туку со конкретни проекти – со патишта што се градат, мостови што поврзуваат, граници што полесно се преминуваат и нови можности што се создаваат за граѓаните.

На крајот, тој изрази уверување дека овој проект ќе отвори нова етапа во соработката, во која економиите ќе бидат поповрзани, граѓаните поблиски едни до други, а заедничката европска перспектива уште поконкретна.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот

СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот

Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот.

Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на мерките преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Паралелно на тоа состојбите со цените на производите постојано се следи, а тоа се гледа и по последните резултати објавени од ДЗС кои велат дека инфлацијата во државата, која во континуитет се намалува, сега изнесува 2,3%.

СДС да имаа идеи за добри мерки, немаше во нивно време на власт инфлацијата да руши двоцифрени рекорди со 16%.

Така што, ако сака СДС нешто корисно да направи, нека седи, гледа и учи како се следат состојбите, како се води држава, како се развива економијата, и како се работи во интерес на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во интерес на јавното здравје, исклучени четири фонтани во Карпош

Во насока на преземање активности  за справување со вирусот на Западно – нилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. 

Во интерес на јавното здравје, исклучени четири фонтани во Карпош

Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени:

-Фонтаната во населбата Бардовци;

-Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“;

-Фонтаната на плоштадот Делфина во Влае; и

-Фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс).

Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители.

Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер