Карпошани го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост - Канал 5

Карпошани го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Под слоганот „Заедно низ боја и тон“, основците од ООУ „Владо Тасевски“ на свој креативен начин го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со атипичен развој – 3 декември, организирајќи во рамки на своето училиште инклузивен уметничко-музички настан.

Карпошани го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Иницијатор на денешниот настан беше специјалниот едукатор Весна Филиповска, а во организацијата учествуваа и образовните асистенти: Ирена Милевска, Ивана Јанкуловска, Светлана Блажевска, Кристина Ристовска, Ема Тосева и Верица Џијановска, како и Менде Дамчески (техника), Марија Бакоч (ликовна секција) и Елизабета Стабоевска (вокална изведба), се наведува во соопштението од Општина Карпош, што МИА го пренеува интегрално.

Целта на едночасовниот перформанс беше промовирање на еднаквите можности, видливоста и активното учество на лицата со попреченост во нашето општество.

По тој повод, градоначалникот Сотир Лукровски, претседателот на Советот, Христо Саракинов, советникот Александар Петровски и претставник од Одделението за образование од Општина Карпош, присуствуваа на денешната свеченост, каде учениците со типичен и атипечен развој во придружба со возрасни уметници се претставија со своите музички и ликовни дела. Настанот го одбележа креативниот израз на талентираните ученици кои настапија заедно со своите гости од „Леон Бенд“, кои воедно се претставници од младинскиот центар „Крик“. Нивниот настап беше конкретен пример како може уметноста, креативноста и заедништвото да ја подигнат свеста за значењето на инклузијата, создавајќи простор за секое дете и секој возрасен да го искаже својот став во јавноста. Ваквиот концепт овозможува природно поврзување меѓу различни генерации, таленти и способности, со што се поттикнува прифаќање и развивање на инклузивни вредности во училиштето и заедницата.

Во оваа пригода, организаторите му врачија благодарница на градоначалникот Сотир Лукровски, за соработка, поддршка и придонес во развојот на инклузивни практики во ООУ „Владо Тасевски“. Првиот човек на Општината доби и прекрасна уметничка слика, изработена од вредните раце на креативните дечиња. Општинскиот татко напомена дека локалната самоуправа останува посветена на унапредување на инклузијата, креативноста и еднаквите можности, со визија за градење на заедница во која различностите се прифатени, вреднувани и поддржани.

- Морам да ви признаам дека сум воодушевен од вашиот перформанс, од длабоките емоции, од љубовта и позитивната енергија која ни ја пренесовте. За овие моменти вреди да се биде на жешкото столче во Општината. Сакам да им честитам на сите дечиња и на наставниот кадар кои беа дел од оваа програма, кои успеаја да направат една содржинска и тематска приредба. Јас како градоначалник ви ветувам дека локалната самоуправа ќе биде секогаш тука, за да ја поддржи секоја ваша иницијатива, истакна Лукровски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер