Карпош Соколи прв финалист на Лимак Купот на Македонија - Канал 5

Карпош Соколи прв финалист на Лимак Купот на Македонија

Екипата на Карпош Соколи е првиот финалист на Лимак Купот на Македонија. Во првото полуфинале одиграно вечерва во Кавадарци, Карпош Соколи го победи деветкратниот освојувач на Купот на Македонија Работнички со 92:78 (25:18; 23:19; 25:24 и 19:17). Тимот на Карпош Соколи ги доби сите четвртини во ова полуфинале. Најефикасен на натпреварот беше играчот на Карпош Соколи Доминик Мавра со 27 поени, а имаше и 8 асистенции. Кај Работнички најпрецизен беше Димче Тасовски со 23 поени.

Карпош Соколи прв финалист на Лимак Купот на Македонија
Противник во утрешното финале што се игра со почеток во 19 часот ќе биде победникот од второто полуфинале (Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром кое се игра вечерва од 20:30 часот).

Денеска се одиграа двата полуфинални дуели од женскиот Куп: Бадел – МНА Кожувчанка 63:47 и Вардар – Пелистер 67:46. Женското финале меѓу бранителот на трофејот Бадел и Вардар се игра утре со почеток во 16 часот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дипломатија под радар: Сиљановска Давкова најави клучни вести од Брисел на 30 септември

Евроамбасадорот Рокас изрази надеж, а претседателката Сиљановска Давкова откри дека далеку од очите на јавноста се трага по решение за деблокада на македонските евроинтеграции.

Дипломатија под радар: Сиљановска Давкова најави клучни вести од Брисел на 30 септември

Во Само интервју на Канал 5 изјави дека останува оптимист, иако во сегашните околности и со спроведени уставни измени има простор за ново вето од Бугарија поради вториот протокол меѓу двете земји, кој пред точно четири години го потпишаа тогашните министри за надворешни работи, Османи и Генчовска. Според претседателката, ЕУ иако не може да даде гаранции, има механизми да спречи идно вето за идентитетски прашања и најави дека на 30 септември ќе имаме појасна слика за европската иднина, кога очекува да биде соопштен планот на европските интитуции за текот на проширувањето.

-Прашање: Еве Рокас го споменавте, тој вели дека се работи под радар зад радар дека нешто се случува..?

Сиљановска: Точно е, така е, кажувам дека под радар да, да. Некогаш не се кажуваат работите. Јас кога не би била оптимист не би била претседателка, оптимист сум, верувам во добра волја.. Клучниот момент е 30 септември. На 30 септември ЕК за првпат ќе излезе со извештај што како се замислуваат чекорите во проширувањето и всушност тоа ќе биде она што Црна Гора ќе помине, моделот ќе се гради. Потоа следниот месец во октомври ќе заседава Европскиот совет за истите прашања, значи тоа се моментите што нам ни се важни,- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија (Само интервју 16.07) .

Во однос на Изборниот законик за кој партиите досега не најдоа заеднички јазик, Сиљановска вели е потребно да бидат донесени со широк политички консензус. Претседателката поддржува промена на изборниот модел во една изборна единица, а оценува дека треба да се најде решение и за дијаспората за која смета дека е дискриминирана.

- Иако е ретко решение и го има во две или три држави, сепак добро е да го има и кај нас затоа што во различни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има иста тежина. / Најголем број држави во светот ѝ дозволуваат на дијаспората да гласа. Само мал број земји не го дозволуваат тоа. Кај нас е чудно што дијаспората може да гласа на локални избори, што е речиси непознат феномен. Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија (Само интервју 16.07).

Реформите во Изборниот законик беа дел од списокот на задачи за земјава, со рок на исполнување до 15 јули. Премиерот Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека до ЕУ веќе е испратен документот со спроведените обврски, со што смета дека се докажува посветеноста кон европската агенда.„Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други, и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на Изборниот законик.“ пишува тој во објавата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владини претставници се мешаат во судската независност

Владини претставници се мешаат во судската независност, а постапката за разрешување покрената против поранешниот главен обвинител Љупчо Коцевски откри ризик од политизација и недостатоци во правилата за разрешување 

Владини претставници се мешаат во судската независност

Владини претставници се мешаат во судската независност, а постапката за разрешување покрената против поранешниот главен обвинител Љупчо Коцевски откри ризик од политизација и недостатоци во правилата за разрешување – се наведува во Извештајот за владеење на правото во Македонија за 2026та година кој што денеска беше усвоен од Европската комисија. Според извештајот, ефикасноста на македонскиот правосуден систем продолжила да опаѓа, а сериозниот недостиг на персонал како и недоволните буџетски средства, се оценуваат како едни од најкритичните проблеми.

-Избраните функционери и владините претставници ги засилија своите лични критики против судиите и обвинителите што ги обвинуваат за корупција и беа издадени изјави од највисоките нивоа на Владата за плановите за чистење на судството и обвинителството.

Независноста на судството и автономијата на обвинителството се поткопани од недоволни буџетски средства.

Постапката за разрешување покрената против главниот обвинител откри ризик од политизација и недостатоци во правилата за разрешување, и на крајот доведе до оставка на главниот обвинител. – пишува во - Извештајот за владеење на правото во Македонија.

Во однос на борбата против корупцијата, извештајот нотира дека иако Обвинителството започнало неколку истраги против сегашни и поранешни високи функционери што резултираше со обвиненија и тековни судења, одложувањата во судските постапки и ретките конечни пресуди ја намалиле ефикасноста на гонењето на високата корупција.

-Несоодветната законска рамка, особено Кривичниот законик од 2023 година, недоволните човечки и финансиски ресурси, заедно со одложувањата во судските постапки, го попречија развојот на солидна евиденција за случаи на борба против корупцијата. Случаите на корупција од висок профил ретко водат до конечни пресуди, што дополнително придонесува за чувство на неказнивост.- - Извештај за владеење на правото во Македонија.

Според извештајот, системот за јавни набавки останува област со висок ризик за корупција, додека пак корупцијата во здравствената заштита е идентификувана како ризична област. Како дел од позитивните забелешки на ЕК, се забележува усогласувањето на новиот закон за Судски совет со европските стандарди а се нотира и подобрена ефикасност кај кривичните предмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата ја продолжи кризната состојба со нафтата до 20 октомври

До 20ти октомври е продолжена кризната состојба за нафтата и нафтените деривати.

Владата ја продолжи кризната состојба со нафтата до 20 октомври

Одлуката била донесена на денешната владина седница поради можно нарушување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со одлуката, велат се обебзедува подготвеност на институциите за брза реакција при евентуални нагли ценовни скокови на берзите и ублажување на евентуални негативни последици врз буџетот на граѓаните и стопанство, но и се гарантира континуиран и непречен проток на енергнси во земјава.

Во моментов состојбата се следи, доколу околностите наложат од Влада велат ќе бидат превземени соодветни мерки. Пред два дена премиерот Мицкоски најави дека е можно веќе од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за бенизните и дизелот.

„Рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври. Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството.“ велат до Владата.

Од опозициската СДСМ и денеска со критики до Владата – велат додека трошоците за живот постојано растат, а власта одбива да преземе мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, кој спроед партијата е урнат. Од СДСМ обвинуваат дека 50 % од врабтоените имаат плати до 36 000 денари, со кој велат не можат да ги покријат ниту основните месечни трошоци...

„Животот стана прескап.. Кризата не стивнува.. Поскапувањето на горивата е нов ценовен удар за граѓаните и ќе донесе ново поскапување на цените на храната.. Платите не го следат растот на цените, храната стана луксуз, сметките се превисоки....“-Симона Цветановски – член на ИО на СДСМ.

Инаку зголемените геиполитички тензии на Блискиот исток повторно ги кренаа цените на нафтата на светските берзи – нафтата од типот бренд денеска достигнува и над 85 долари по барел, откако минатата недела падна и на 75 долари, истовремено инвеститорите внимателно ги следат случувањата што би можеле да влијаат врз глобалното снабдување со енергенси...

Каква ќе биде новата цена на нафтените деривати во земјава ќе се знае в понеделник по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Оваа недела цените на бенизните се зголемија за 1,5 денари и 95ка се продава по цена од 87 денари по литар, а 98ца по цена од 89 денари... Дизелот пак се зголеми за 5,5 денари и литар сега се точи по цена од 88 денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер