Карпош Соколи доби казна од БИБЛ за напуштање на теренот - Канал 5

Карпош Соколи доби казна од БИБЛ за напуштање на теренот

Екипата на Карпош Соколи за напуштањето на теренот на синоќешниот дуел од БИБЛ лигата со Теодо, ќе биде казнета.

Карпош Соколи доби казна од БИБЛ за напуштање на теренот
Натпреварот го загуби со службени 0-20 и притоа не добива бод, а има и финансиска казна од 10.000 евра. Екипата на Карпош Соколи теренот го напушти на 2:45 минути до крајот на третиот период при резултат 60:61 за Теодо.

Македонскиот тим натпреварот го напушти незадоволен од судиските одлуки.

Раководството на БИБЛ лигата финансиската казна ја изрече по два основа, за тоа што Карпош Соколи да не го доигра натпреварот со Теодо, како и за неправилен настап на дуелот против Куманово.

„Соколите“ ќе треба да платат 5.000 евра парична казна за напуштањето терен, а казнa од 5.000 евра има и за дуелот со Куманово, кога на теренот немало ниту еден домашен играч, како што е предвидено во пропозициите.
БИБЛ побара од Карпош Соколи до утре да уплати 6.000 евра на сметката на лигата, доколку сака да продолжи да се натпреварува. мн/аа/15:59

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Здравствена вонредна состојба во Гостивар. Поради  загадена вода  за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош во болницата.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење, поради што се засилени дежурните медицински тимови.

Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе.

Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија.

Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат.

Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат.

Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно место

Поради најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, најголемите ѕвезди од светот на спортот, модата, филмот и многу други општествени сфери дојдоа на премиерата на неговиот документарен филм во Њујорк.

Фото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно место

Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк од Меѓугорје и таму ја одржа премиерата на својот документарец.

Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ – Зимски волк“ ќе биде достапен за јавноста на 20 август, а премиерата, на која се појавија најголемите светски ѕвезди, се одржа околу еден месец претходно.

Секако, присутни беа личности од светот на спортот – почнувајќи од Мајк Тајсон, Џон Мекинро, Златан Ибрахимовиќ, Хуан Мартин дел Потро, Џани Инфантино, Богдан Богдановиќ, Марко Матераци, Роберто Карлос, Фернандо Љоренте и Кафу, па сè до кралицата на модата Ана Винтур, манекенката Кристина Романова и многу други.

Од фотографиите што се појавија од „Музејот на современа уметност“ може да се види дека сите уживале и дека имале што да видат. Веројатно нема да можат многу да зборуваат за тоа поради јавната премиера, која е закажана дури за август.

На филмот за Новак работеше Џејсон Хејер, човекот што го сними документарецот за Мајкл Џордан („Последниот танц“), а тоа само по себе беше доволна најава за спектаклот што се очекуваше.

„Кој најмногу се сомнева во мене? Гледате во него“, рече Новак Ѓоковиќ, покажувајќи кон себе: „Се обидувам да се надминам себеси, повеќе од кој било друг. Луѓето мислат дека си постигнал толку многу и дека треба да уживаш во тоа, а јас не можам да уживам“, изјави Новак, меѓу другото, во објавениот трејлер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер