Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух - Канал 5

Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух

Општина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина.

Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух

Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа во присуство на овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош.

По добивањето на официјалниот извештај и анализата на резултатите од извршените мерења, доколку бидат констатирани неправилности, надлежните ќе преземат соодветни мерки и активности, согласно законските овластувања. Општина Карпош потенцира, дека контролата и следењето на состојбата со амбиенталниот воздух претставуваат важен дел од заложбите за создавање почиста и поздрава животна средина.

Локалната самоуправа упатува апел до сите правни и физички лица, доследно да ги почитуваат мерките и законските обврски за заштита од загадување, со заедничка одговорност кон животната средина. Единствено со таков пристап би сé подобрил квалитетот на воздухот, кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права

Во периодот што претстои, Министерството за правда ќе продолжи да работи на унапредување на стандардите во казнено-поправниот систем.

Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права

Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на разговараше денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со Алан Мишел, претседател на Европскиот комитет за спречување на тортурата и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT).

На состанокот беа разгледани актуелните состојби во казнено-поправните установи, како и напредокот во спроведувањето на препораките содржани во претходните извештаи на Комитетот.

Соработката со CPT е важна за унапредување на системот на извршување на санкциите и обезбедување на почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода.

Во периодот што претстои, Министерството за правда ќе продолжи да работи на унапредување на стандардите во казнено-поправниот систем, во согласност со препораките на Комитетот и европските практики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Извештајот на ДЗР потврдува дека СДС и ДУИ оставија милионски провизии за железничкиот Коридор 8, ЈО да ја истражи одговорноста

Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства.

Велјановски: Извештајот на ДЗР потврдува дека СДС и ДУИ оставија милионски провизии за железничкиот Коридор 8, ЈО да ја истражи одговорноста

ДЗР констатирал неефикасно управување со овие стратешки проекти.

Со тоа, проектот доцнел со години, а граѓаните плаќале милионски провизии, а не добиле никаков инфраструктурен резултат.

Дополнително, ДЗР тогаш предупредил и на ризик од губење на 61 милион евра ИПА грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8.

Почитувани,

Ова не смее да остане само ревизорски наод. Бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи извештајот на ДЗР.

ЈО да утврди како настанале 4,6 милиони евра провизии, кои лица биле одговорни за доцнењето и дали со нивното постапување или непостапување е предизвикана штета за државата.

Ова е само дел од владеењето на СДС и ДУИ, кои ние денес го плаќаме на различни начини.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Алексадар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паунов: Карбинци се развива со инвестиции во образованието, инфраструктурата, спортот и младите

Започнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината.

Паунов: Карбинци се развива со инвестиции во образованието, инфраструктурата, спортот и младите

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани на општина Карбинци,

Денес како градоначалник на Општина Карбинци, стојам пред вас за да дадам отчет за сработеното. За мене, отчетноста и транспарентноста не се само зборови. Тие се обврска кон граѓаните. Обврска секој кој ја добил вашата доверба да покаже што ветил, што реализирал и што останува да се направи.

Пред скоро една година ја добивме вашата доверба да продолжиме да ја развиваме Општина Карбинци. Денес сакам искрено да ви се заблагодарам за таа доверба. Но, уште повеќе да ви се заблагодарам за секоја сугестија, за секоја критика и за секој разговор со вас, затоа што токму од нив произлегуваат дел од решенијата за проблемите со кои секојдневно се соочуваме.

Во изминатиот период работевме одговорно, посветено и со јасна цел – Општина Карбинци да се движи напред. И денес можеме да кажеме дека Карбинци се развива. Не само на хартија, не само преку планови и ветувања, туку преку конкретни проекти кои се гледаат на терен и кои остануваат зад нас.

Започнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината. Инвестираме во образование,инвестираме во инфраструктура, инвестираме во канализација и водна инфраструктура, инвестираме во спортот, културата и младите.

И, пред сè, инвестиравме во подобри услови за живот на нашите граѓани. Еден од најзначајните проекти е изградбата на новата училишна зграда во селото Радање.Ова не е само нов објект.

Ова е инвестиција во нашите деца, во нивното образование и во иднината на нашата општина.Продолживме и со инвестиции во предучилишното образование. Ја доградуваме детската градинка „Кокичиња“, со што обезбедицме дополнителен капацитет за околу 100 деца.

Тоа значи повеќе места за најмалите, подобри услови за згрижување и директна поддршка за младите семејства.

А кога зборуваме за младите, нашата политика е јасна – сакаме младите да имаат причина да останат тука, да создаваат семејства и својата иднина да ја градат во Карбинци.

Затоа воведовме конкретни мерки.

5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение.

5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование.

5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче.

Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент.

Тоа е нашата порака – Општина Карбинци е тука за своите семејства, за своите деца и за своите млади. Но, развој нема без добра инфраструктура. Затоа во изминатиот период реализиравме и започнавме изградба на нови улици во Карбинци и Таринци.

Со поддршка од Светска банка, започнавме со изградба на уште две нови улици во село Таринци, со што продолжуваме да ја подобруваме патната инфраструктура и условите за живот во населените места.

Еден од проектите на кој особено се гордееме е новата пешачка патека Таринци – Карбинци, во должина од 1,5 километри.

Ова е проект кој поврзува две населени места, но пред сè создава побезбедни услови за движење на пешаците и нов простор за рекреација и физичка активност на граѓаните.

Инвестиравме и во спортската инфраструктура. Ја реконструиравме училишната спортска сала, со поставување модерен спортски под и создавање нови, современи услови кои исполнуваат потребни стандарди.

Затоа што сакаме нашите деца да растат здраво, да спортуваат и да имаат услови за развој на своите таленти. А спортот во Карбинци не е само инфраструктура.Тоа се и луѓето кои секојдневно работат со нашите деца.

Продолживме со поддршка на ФК Карбинци, БК „Киро Ристов“, БК Карбинци и Карате клубот „Синсеј“, затоа што веруваме дека секое дете кое ќе избере спорт е дете кое избира здрава иднина.

Но, една од најголемите инвестиции во овој период е и изградбата на каналот Герен во Долни Балван. Станува збор за огромен капитален проект кој решава долгогодишен проблем и ќе има значење за, заштита на животната средина како и дополнително урбан лик во ова населено место.

Паралелно работиме и на регулација на реката Брегалница, со изградба на габионските прагови, со што преземаме конкретни чекори за заштита и уредување на речниот тек и подобрување на безбедноста на просторот околу самата река.

Го подобруваме и секојдневниот живот во населените места. Работиме на подобрување на уличното осветлување, затоа што безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните се создаваат и преку вакви, навидум мали, но исклучително важни работи.

Посветуваме внимание и на животната средина и на енергетската ефикасност. Продолжуваме со субвенции за набавка на клима-уреди и субвенции за пелети за домаќинствата, со што им помагаме на граѓаните да ги намалат трошоците и да создадат подобри услови за живеење.

Но, една општина не се гради само со улици, објекти и инфраструктура. Општината ја прават и луѓето. Затоа во изминатиот период посветивме внимание и на културата, традицијата и заедничкиот живот.Организиравме и поддржавме културни настани, одбележување на празници и манифестации кои ја негуваат нашата традиција и културно наследство.

Посебно место има и нашето Играорно друштво „ЕуроАрт“, кое со својата работа ја претставува Општина Карбинци и ја чува традицијата на нашите простори.

Затоа што Карбинци треба да биде општина во која не само што се гради, туку и се живее, се создава и се негува заедништвото.

Почитувани граѓани,

Една година можеби и не е долг период. Но, една година е доволна за да се покаже дали постои волја, работа и сериозна динамика. А денес зад нас имаме конкретни резултати.

Нова училишна зграда.

Доградба на градинката „Кокичиња“.

Нова пешачка патека од Таринци до Карбинци.

Нови улици во овие населени места.

Две нови улици со поддршка од Светска банка.

Реконструирана спортска училишна сала.

Капитален проект – канал Герен во Долни Балван.

Регулација на Брегалница.

Подобрено улично осветлување.

Поддршка за учениците, студентите, младите семејства и новороденчињата.

Поддршка за спортот, културата и традицијата.

Тоа е само дел од она што го направивме.

Но, ова не е крајот. Напротив. Ова е само една година од мандатот и пред нас е уште многу работа.

Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на инфраструктурата.

Ќе продолжиме да инвестираме во образованието и детската заштита.

Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите и семејствата.

Ќе продолжиме да инвестираме во спортот и културата.

Решавајќи нормално и проблеми кои со години ги оптоваруваат нашите населени места. И ќе продолжиме да работиме за секое едно населено место во Општина Карбинци.

Нашата цел е јасна – модерна, развиена и функционална Општина Карбинци.

Општина во која младите ќе имаат услови да останат.

Општина во која семејствата ќе имаат поддршка.

Општина во која децата ќе имаат подобри услови за образование и спорт.

Општина во која секое едно населено место ќе добива внимание и ќе се инвестира.

Знам дека има уште многу проблеми.

Знам дека има уште многу барања од граѓаните.

И знам дека не може сè да се реши преку ноќ.

Но, најважно е што Карбинци се движи напред.

Ќе продолжиме да се движи напред.

Со работа.

Со инвестиции.

Со одговорност.

Со чесен однос кон јавните средства.

И со директна комуникација со граѓаните.

Затоа што довербата ја добив од вас и ја сметам за обврска.

Обврска секој ден да работам за нашата општина Карбинци.

За нашите населени места.

За нашите деца.

За нашите млади.

За нашите семејства.

И за иднината на целата нашата Општина Карбинци.

Ви благодарам за довербата.Ви благодарам за поддршката. Продолжуваме да работиме.Заедно да ја градиме Карбинци каква што ја заслужуваат нејзините сограѓани.

YouTube video

Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер