Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии - Канал 5

Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Денеска се одржа деветтата седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците разгледуваа и одлучуваа по три точки од дневниот ред.

Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Оттука, поддршка доби Предлог – Одлуката за кофинансирање на проектот кој го објави Министерството за локална самоуправа на РМ, насловен како „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“. Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за одржување на јавната хигиена на своја територија. Имено, оваа машина ќе служи за расчистување на различен вид отпад, гранки, лисја, но исто така и за отстранување на депонии. Согласно техничката спецификација, проценетата вредност на машината е близу 3 милиони денари со пресметан ДДВ. Во случајов Општина Карпош ќе го кофинансира проектот со 330.000 денари со вклучен ДДВ, односно ќе учествува со финансиски средства во висина од 11% од вредноста на набавката.

Со мнозинство гласови беше поддржана Предлог – Одлуката со која Советот дава согласност за распишување на Јавен повик за избор на членови на Советот за женско претприемништво кој ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Општина Карпош. Инаку, Советот за поддршка на женско претприемништво на Општина Карпош, се формира заради поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во општината.

Советниците на денешната седница ги изгласаа и измените и дополнувањата на Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на општинска детска градинка „Мајски Цвет“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите.

Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити.

Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата.

Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски.

Таа влада беше првата демократска по десет години мрак.

Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает.

Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете.

Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони.

Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра.

Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите.

Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници.

За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки.

За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа.

А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија.

Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè.

Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате.

Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

притисни ентер