Карпош ја унапредува инклузивноста на малите Роми во детските градинки - Канал 5

Карпош ја унапредува инклузивноста на малите Роми во детските градинки

Како што информираат од општината, овој проект веќе петнаесетина години се реализира во Општина Карпош, и тоа во предучилишните установи „Пролет“ и „Сончогледи“ во населбата Влае 1.

Карпош ја унапредува инклузивноста на малите Роми во детските градинки

Во рамки на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“, денеска во Клубот на пратеници, се одржа средба на која беа потпишани трипартитни договори за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, вклучувајќи ја Општина Карпош и детските градинки на нејзина територија.

Како што информираат од општината, овој проект веќе петнаесетина години се реализира во Општина Карпош, и тоа во предучилишните установи „Пролет“ и „Сончогледи“ во населбата Влае 1.

-Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски го потпиша трипартитниот Договор за соработка, кој Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот Образовен Фонд, eдиниците на локална самоуправа и детските градинки почнувајќи од 2006 па до денес.Целта на проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца. Оваа година, во градинката „Сончогледи” во Влае 1 се згрижени вкупно 10 деца од ромска националност кои се жители на населбата Злокуќани, стои во соопштението.

Во Програмата на активностите на општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, за оваа намена се предвидени финансиски средства во износ од 200.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултирал

Борбен авион „Грипен“ на Унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок доцна претпладнево, а пилотот успеа безбедно да се катапултира. Информацијата ја потврди премиерот Петер Маѓар, пренесува „Еуроњуз“. 

Се урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултирал

Премиерот на својот профил на мрежата „Икс“ (X) напиша: „Од засега непознати причини, пред неколку минути во близина на Солнок се урна борбен авион 'Грипен' на Унгарските одбранбени сили. Пилотот успешно се катапултираше. Во тек е истрага, а министерот за одбрана е на пат кон местото на несреќата“.

Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди подоцна извести дека пилотот е пренесен во болница и дека нема други повредени. Според него, пилотот направил сè што е во негова моќ за да обезбеди авионот да падне на воен терен.

Во близина на Солнок се наоѓа и унгарска воена воздухопловна база. Унгарската флота на авиони „Грипен“ Унгарските вооружени сили располагаат со вкупно 14 борбени авиони „Грипен“. Сите тие се стационирани во воздухопловната база Кечкемет и редовно учествуваат во меѓународни операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда.

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски.

„Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче.

Тој посочи дека СДСМ веќе го објави Фронтот за вистина и правда, чиј главен постулат е европската иднина на Македонија.

„Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека НАТО се убијци во Собранието и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека за политичко обединување потребна е јасна определба на Левица за НАТО, за Европската Унија и иднината на државата.

„Нека се откажат, нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија. Затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ веќе разговара со политички партии, граѓански организации, поединци и интелектуалци за проширување на Фронтот за вистина и правда.

„Ги повикуваме тука и имаме многу разговори со други партии, луѓе, поединци, граѓански организации, видни интелектуалци коишто очигледно е дека сфаќаат што се случува, дека оваа власт не прави ништо, дека нема добри политики за граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија.

Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски.

Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер