3Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
ЖивотКарпатите, Гран Парадизо и Монте Роса – нови предизвици за гевгелискиот планинарски клуб „Кожуф“Со 73 реализирани акции во текот на минатата година, Планинарски спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија продолжува успешно да ја гради својата седумдецениска традиција. Клубот зад себе има искачувања на највисоките домашни врвови, како Голем Кораб, Титов Врв, Солунска Глава и Пелистер, но и бројни меѓународни подвизи, меѓу кои се издвојуваат искачувањата на врвови во Словенија, Црна Гора, Бугарија и Грција. Клубот во моментот брои околу 140 членови, сто од нив се над 18 години, а како што велат, нивните врати се отворени за луѓе од сите возрасти – од деца на петгодишна возраст до повозрасни љубители на планината. Освен гевгеличани, членуваат и планинари од поширокиот регион, како Дојран, Валандово, Струмица, Неготино, Штип, Скопје, па дури и двајца од Бугарија. - Најчестите причини поради кои луѓето одлучуваат да се приклучат се љубовта кон планината и природата, желбата за поактивен и поздрав начин на живот, потребата од дружење и припадност во заедница, како и можноста за семејни и инклузивни активности. Подготовките за искачувања се значително различни во зависност од сезоната. Летните тури бараат добра физичка кондиција, издржливост и основни технички вештини за ориентација и движење по различни терени. Зимските искачувања, пак, се многу покомплексни и бараат значително поголема физичка и психичка подготвеност, соодветна техничка опрема и знаење за специфичните ризици што ги носат снегот, мразот и ниските температури. Потребна е и способност за брзо прилагодување на непредвидливи услови и континуирана концентрација, бидејќи секој чекор во зимскиот планинарски предизвик може да има големо влијание на безбедноста на групата, објаснува Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф”. Во изминатата година во позначајните искачувања „Кожуф” ги бележи домашните врвови Голем Кораб, Титов Врв, Солунска Глава, Тумба, Пелистер, како и искачувања надвор од државата - Триглав во Словенија, Комови и Боботов Кук во Црна Гора, Црн Врв, Вихрен и Мусала во Бугарија, Митикас и Кајмакчалан во Грција и врвовите на планината Кожуф, од македонска и од грчка страна. - Планинарството за нас е повеќе од спорт – тоа е начин на живот, можност за раст, учење и поврзување со природата и заедницата. Секоја тура носи предизвик, но и радост, а секој член станува дел од големо семејство кое споделува љубов кон планината и активниот начин на живот. Природата ни нуди нови искуства, предизвици и моменти за уживање, без разлика дали се искачувате на локални врвови, учествувате во семејни акции или се подготвувате за високогорски тури, велат во ЗПСК „Кожуф”. Покрај редовните тури, клубот годинава ќе продолжи со акциите „Родители и деца“ и инклузивното планинарење, кое се реализира во соработка со Фондација „Ице Бегов“. Во план е и младински камп со цел промоција на планинарењето кај најмладите. - „Родители и деца“ веќе неколку години е дел од редовниот календар на клубот и се реализира два до три пати годишно. Претставува одлична можност најмладите, заедно со своите родители, уште од најрана возраст да ја развиваат љубовта кон природата и планинарењето. Инклузивното планинарење оваа година ќе се одржи по четврти пат и прерасна во една од најзначајните и најпрепознатливи иницијативи на клубот. Оваа акција, која се реализира во соработка со Фондација “Ице Бегов”, има силно позитивно влијание и врз учесниците и врз заедницата, а одзивот и поддршката што ги добиваме се исклучително охрабрувачки и мотивирачки, вели Јованова. Освен зголемување на искуството и подготвеноста на постојните членови, преку воведување зимски тури, од ЗПСК „Кожуф” имаат зацртано и поамбициозни цели, со планирање на меѓународно ниво. - Пред секое потешко искачување организираме тренинг-акции за да ги подготвиме членовите и да ја зајакнеме нивната физичка и техничка подготвеност. Опремата секогаш ја проверуваме и користиме на највисоко ниво, од планинарски чевли и облека до сигурносна опрема. За искачувања во странство понекогаш ангажираме локални водичи кои добро го познаваат теренот и условите. На овој начин се обидуваме да комбинираме предизвик, уживање во природата и безбедност, така што секој член може да ја почувствува убавината на планината, но и да се врати дома сигурен и задоволен, додава претседателката на планинарскиот клуб. Во планот на здружението се и нови предизвици и желба поискусните планинари да се испробаат да искачат дестинации со над 4.000 метри, кои досега не биле дел од официјалната листа. - За следната сезона имаме неколку амбициозни планови: ова лето планираме искачувања на Молдовeану и Ому, првиот и вториот највисок врв на Романските Карпати, како дел од проширување на меѓународните активности и искуство на членовите. Понатаму, во план се и искачувања на Гран Парадизо и Монте Роса Масивот, кои ќе послужат како подготовка за нашата долгорочна цел – Мон Блан. Овие дестинации претставуваат значителен предизвик и ќе им помогнат на членовите да се подготват за високогорски тури со поголема висинска комплексност, вели Јованова. Покрај искачувањата, ЗПСК „Кожуф“ активно учествува и во едукативни обуки за одговорно планинарење, предавања за висинска болест и прва помош, натпревари во ориентација и акции за одржување на планинарскиот дом и клупските простори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваХајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia. Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација. Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања. „Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“ Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber) Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа. Таа е свесна за своето влијание врз модата Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа. Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.Тагови: Хајли Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS. Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН. Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени. Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор. Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина. Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево. Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.Тагови: ЕУФОР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамТојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво. За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност. Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота. Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти. Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот. Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари. Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.Тагови: тојота хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06