Карневалот во Рио му носи неверојатна заработувачка на градот (ВИДЕО) - Канал 5

Карневалот во Рио му носи неверојатна заработувачка на градот (ВИДЕО)

Во неколкуте недели пред легендарниот карневал во Рио де Жанеиро, потрошувачката во овој бразилски град значително се зголемува.

Карневалот во Рио му носи неверојатна заработувачка на градот (ВИДЕО)

Годинава фестивалот трае од 9 до 17 февруари, а веселбите привлекуваат „јато“ странски и домашни туристи кои доаѓаат да уживаат во овој фантастичен фестивал како и во бројните улични забави.

За Бразил, фестивалот претставува не само голема забава, туку и финансиски благодет. Туристите трошат милиони за време на карневалот, а самите прослави генерираат десетици илјади привремени работни места во Рио де Жанеиро, според Би-Би-Си.

Се проценува дека годинава за време на фестивалскиот месец февруари градот само од туризмот ќе заработи рекордни 1,06 милијарди долари.

Владата на Бразил годинава вложи рекордни бројки и во подготовките за фестивалот и во самиот фестивал. Како што јавува Би-Би-Си, инвестирани се 12,5 милиони долари.

Овој прилив на инвестиции овозможи отворање на рекорден број работни места, ја зајакна инфраструктурата за поддршка на туризмот и се очекува да обезбеди долгорочни подобрувања во општеството и локалните заедници во самиот град.

- Очекуваме дека секој бразилски реал вложен во туризмот ќе се врати тројно или четирикратно - вели Рони Коста, претседател на туристичкото биро Риотур во Рио де Жанеиро.

Во текот на минатата година Бразил забележа рекорден број на туристи кои донесоа неверојатни 6,9 милијарди долари на бразилската економија. Ова е зголемување од 1,5 отсто во однос на последниот рекорд на заработка од 2014 година за време на Светското првенство, кога посетителите донесоа 6,8 милијарди долари во економијата.

YouTube video

Националниот план за туризам има за цел да ја зголеми заработката од туризмот на 8,1 милијарди долари до 2027 година.

Во пресрет на фестивалот, бразилската влада инвестираше во инфраструктурата, безбедноста и мобилноста, надевајќи се дека ќе привлече повеќе посетители на најголемиот меѓународен аеродром во Рио де Жанеиро и ќе го зголеми присуството на полицијата на местата што се најпосетувани од туристите.

Годинава Рио ќе има на располагање повеќе од 12.000 припадници на воената полиција за време на карневалот, што е за 5 отсто повеќе од минатата година. Официјалните лица се надеваат дека ова ќе помогне во борбата против лошата репутација на Рио за насилен криминал.

YouTube video

Градот, исто така, инвестираше 8,1 милиони долари во училишта за самба кои се отворени за јавноста во неделата пред католичкиот Божиќ, кога посетителите можат да се приклучат на пробите за пеење и танцување. Овие училишта се составен дел од парадите за време на карневалот.

- Кога училиштата имаат повеќе пари, имаат повеќе ресурси да инвестираат во опрема, костими и други средства за парадирање. Туристите ќе видат нешто што е поубаво, поуредно и пософистицирано. Искуството ќе биде многу подобро за туристите - вели Карлос Вернек, претседател на туристичката организација Visit Rio.

Инвестициите на овогодинешниот фестивал резултираа со отворање на 50.000 нови работни места, кои најмногу ги поддржуваат социјално ранливите групи од деловите на градот каде живеат луѓе со најниски примања. Само училиштата за самба вработуваат илјадници луѓе, вклучувајќи шивачки, изведувачи, танчери, музичари и организатори.

За периодот додека трае фестивалот пријавени се 15 илјади улични продавачи кои ќе работат за време на улични забави и паради. Лани се пријавиле 10 илјади продавачи.

Овој легендарен карневал за многумина е дестинација од соништата. За оние кои заработуваат од него, особено за оние кои немаат постојана работа, карневалот е можност да заработат за живот, а можеби и да заштедат пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Венко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат.

Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски.

И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%.

Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%.

Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати.

Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура.

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура што го погоди регионот во петок, Денот на благодарноста, објави АП.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде потребно повеќе време за бурата да ослабне, поради што се во сила предупредувања за крајбрежни поплави од Њу Џерси до Вирџинија.

YouTube video

Бурата го парализираше сообраќајот, собори дрвја и далноводи од Њујорк до Вирџинија, објавува CBS News.

Според услугата за следење на летови „FlightAware“, речиси 3.700 летови во САД беа одложени, додека повеќе од 160 беа откажани.

Бројот на клиенти без електрична енергија, кој надмина 900.000 во четврток, се намали на околу 300.000, според податоците од порталот „PowerOutage.us“.

Во Норфолк, Вирџинија, спасувачките екипи евакуираа 39 лица и две кучиња, додека покриви се урнаа во Оушн Сити и Роквил.

Поради дожд и силен ветер, традиционалната парада на Мејси во Њујорк беше одложена за прв пат во историјата.

Во Балтимор паднаа рекордни 7,7 сантиметри дожд, а плимата во Анаполис беше меѓу 10-те највисоки во историјата.

Додека условите се смируваат во источен Мисури откако наврнаа околу 38 сантиметри снег, а покривот на лизгалиштето се сруши под тежината, за западните и централните делови на земјата е најавен нов бран зима.

Метеоролозите предвидуваат до 45 сантиметри снег од Монтана до Колорадо за викендот, додека уште еден бран дожд и силен ветер се очекува на Источниот брег во недела навечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер