ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
1ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
2Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
Други спортовиКарлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставкаНорвешкиот велемајстор Магнус Карлсен го повика првиот човек на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) Аркадиј Дворкович да поднесе оставка.- Принуда на играчи, злоупотреба на моќ и неисполнети ветувања. За да ме убедите да продолжам да учествувам на Светското првенство во Блиц во Њујорк, му напишавте на татко ми: „Би сакал да ви пренесам порака на вас и на Магнус: што и да се случи помеѓу ФИДЕ и шахот во слободен стил, тоа нема да влијае на играчите во ниту еден начин. Тие ќе можат сами да носат одлуки, а ФИДЕ нема да преземе никакви негативни дејствија. Подоцна додадовте: „Ќе поднесам оставка доколку постапките на Советот на ФИДЕ некако ги поткопаат моите зборови“. И ги принуди играчите да потпишат неприфатливо откажување. Го прекршивте ветувањето. Дали ќе поднесете оставка? – напиша Карлсен на социјалните мрежи. Светскиот шампион му е лут на Дворкович поради недостиг на договор меѓу ФИДЕ и организаторите на турнирите во шах во слободен стил околу одржување на светските првенства. Претходно, Советот на ФИДЕ изјави дека не постигнал договор за турнејата во слободен стил. Федерацијата истакна дека тоа се должи на одбивањето на другата страна да го признае статусот на ФИДЕ како единствен регулатор на Светските шаховски првенства и нејзината надлежност да ја доделува титулата светски шампион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со ЕвропаЛиберално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8.Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра европски грант за овој проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација на проектот. Таквите пропусти не смеат никогаш повеќе да се повторат. ЛДП со години укажува дека инфраструктурните проекти што ја поврзуваат Македонија со Европа се национален интерес кој треба да има поддршка без разлика која политичка гарнитура е на власт Затоа, за ЛДП ваквите проекти не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки. Очекуваме по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, затоа што на Македонија ѝ се потребни резултати, а не само свечени потпишувања. ЛДП ќе продолжи да поддржува секој проект што ја доближува Македонија до Европската Унија, ја подобрува регионалната поврзаност и создава услови за економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во КумановоТимот на Lidl во Македонија продолжува да расте.Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со Lidl. Вложуваме во внимателен избор на кандидатите, во нивниот професионален развој и во создавање работна средина во која секој од нив ќе има можност да учи, да напредува и да се чувствува ценет“, изјави Теодора Хаџи-Димова-Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Северна Македонија. Секој нов вработен минува низ јасно структуриран процес на воведување во работата. Oбуките траат од шест до осум недели, зависно од работната позиција и се насочени кон стекнување практични знаења и вештини, со постојана поддршка во текот на целиот период на обука. Со над 400 вработени во земјава, Lidl обезбедува стабилност и можност за кариерен развој во рамките на еден од најголемите европски малопродажни синџири. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква работна средина секој вработен е важен дел од тимот, а учењето, развојот и меѓусебната поддршка се препознаени како основа за долгорочен успех. Компанијата продолжува со вработувања и во наредниот период, а повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на jobs.lidl.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперкатаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи - трговци и со производителите на пиперка од Струмичко.Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите на пиперка. На средбата министерот Серафимовски потсети на обврската условите за откуп да бидат однапред познати, цените јавно истакнати, а класификацијата прецизна и доследна. „Цената ја определуваат пазарните услови, но начинот на кој се одвива откупот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги сослуша аргументите на сите страни, да обезбеди почитување на правилата и да придонесе за откуп на пиперката што ќе го вреднува трудот на земјоделците и ќе овозможи непречен пласман“, истакна министерот Серафимовски. На одделната средба со производителите на пиперка беа сослушани нивните забелешки и барања поврзани со почетните откупни цени, производствените трошоци и последиците од временските непогоди врз годинашната реколта. Министерот Серафимовски истакна дека секој земјоделец, независно дали настапува индивидуално или преку здружение, има право неговите аргументи да бидат разгледани сериозно и одговорно. „Зад секој предаден килограм стојат вложувања, труд и приход на едно земјоделско семејство. Затоа разговорот за откупот не смее да се сведе само на бројки, туку мора да ја опфати и одговорноста на секој учесник во синџирот. Секој земјоделец што се соочува со реален проблем е легитимен соговорник “, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со секојдневните контроли на откупните пунктови. Се проверуваат условите за вршење откуп, јавното истакнување на цените, класификацијата на производите, исправноста на мерните инструменти и уредноста на документацијата. За секоја утврдена неправилност за која постои законска основа ќе бидат преземени соодветни мерки. Во текот на наредната недела министерот Серафимовски ќе се сретне и со сопствениците на преработувачките капацитети, со кои ќе разговара за расположливите капацитети, планираните количини за откуп и можностите за пласман на годинашната реколта на пиперката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter