Карлос Сајнц именуван како еден од директорите на Здружението на возачи на Гран при - Канал 5

Карлос Сајнц именуван како еден од директорите на Здружението на возачи на Гран при

Пилотот на Вилијамс, Карлос Сајнц е новиот директор на Здружението на возачи на Гран при.

Карлос Сајнц именуван како еден од директорите на Здружението на возачи на Гран при

Сајнц е избран на функцијата со гласање. На оваа позиција тој ќе го замени Себастијан Фетел, кој ја заврши кариерата и повеќе не е активно вклучен во Формула 1 трките.

Здружението на возачи на Гран при е организација која ги застапува интересите на возачите во преговорите за различни прашања со ФИА и Формула 1.

Првично Здружението беше основано во 1961 година, а потоа, по одреден прекин, се активира во 1994 година во светлината на смртта на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер.

Претседател на Здружението на возачи на Гран при е поранешниот Формула 1 возач Алекс Вурц, позиција на која се наоѓа од 2014 година. Покрај Сајнц, од актуелните возачи еден од директорите е и Џорџ Расел членот на Мерцедес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отказ за Робин ван Перси во Феенорд

Поранешниот холандски репрезентативец Робин ван Перси повеќе не е главен тренер на Феенорд. Раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со 42-годишниот тренер кој една ипол година беше на  предводник на Феенорд.

Отказ за Робин ван Перси во Феенорд

Ван Перси се врати во својот матичен клуб на почетокот на 2025 година со цел да продолжи развојот на тимот и да постигне континуитет на добри резултати.

Иако тимот ја заврши сезоната на второто место и се квалификуваше за Лигата на шампионите, недостатокот на трофеи и падот на формата во текот на дел од сезоната беа клучни за одлуката на челниците на клубот.

Ван Перси го водеше Феенорд на 58 натпревари, забележувајќи 30 победи и 19 порази. Техничкиот директор на Феенорд, Деви Риго, ги објасни причините за оваа одлука.

- Спроведовме темелна внатрешна анализа. Го зедовме предвид развојот на прикажаната игра и трендот на намалување на освојувањето бодови, како во Европа, така и во домашното првенство. Заклучивме дека би било подобро да започнеме следната сезона со нов главен тренер - Како играч, Ван Перси остави најголем белег, покрај својот матичен Феенорд, играјќи за Арсенал и Манчестер Јунајтед

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва полуматурска парада во Ѓорче Петров – еден ден, шест училишта, една гордост

Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“.

Прва полуматурска парада во Ѓорче Петров – еден ден, шест училишта, една гордост

Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор.

Програмата ќе биде исполнета со зурли и тапани, македонски народни ора, дружење, позитивна енергија, како и доделување награди за ученици и наставници кои со својот труд, посветеност и резултати дале особен придонес во воспитно-образовниот процес.

„Полуматурската парада“ претставува прослава на младоста, успехот, традицијата и заедништвото. Преку овој настан, Општина Ѓорче Петров испраќа силна порака дека младите се најголемата вредност и најважната инвестиција во иднината на локалната заедница.

Општина Ѓорче Петров ги поканува родителите, наставниците, учениците и сите сограѓани да присуствуваат на настанот и заеднички да им дадат поддршка на полуматурантите.

Настан: Полуматурска парада 2026

Датум: 10 јуни 2026 година

Време: 10:00 часот

Локација: Реонски парк, Ѓорче Петров

Еден ден. Шест училишта. Една гордост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни

На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. 

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни

Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.

Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.

Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер