Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
ФормулаКарлос Саинц нема веќе да вози за Ферари Шпанецот Карлос Саинц Јуниор. (29) го напушта Ферари на крајот од оваа сезона и ќе вози за Вилијамс во следните две години, објави британскиот Формула 1 тим.Откако Ферари во февруари објави дека го ангажирал седумкратниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон јасно е дека Саинц ќе мора да бара друг тим. „Среќен сум што возам за Вилијамс од 2025 година. Не е тајна дека оваа година пазарот на возачи беше комплициран од различни причини и ми требаше некое време да донесам одлука“, изјави 29-годишниот Шпанец, кој возел за Ферари од 2021 година. Се шпекулираше дека Саинц би можел да го замени Хамилтон во Мерцедес, но и да ја продолжи кариерата во Заубер или Алпине. Саинц во кариерата оствари три победи, а 23 пати беше меѓу тројцата најбрзи. Возеше и за Торо Росо, Рено и Мекларен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09