Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција
2Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизКарлеуша: Врањеш ќе те кастрирам ако го објавиш порничот !Српската пејачка е во паника поради експлицитното видео со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.-Огнен ќе ти го отсечам к...т!! Карлеуша на својот екс љубовник му порача дека ќе го кастрира ако го објави нејзиниот порнич. Популарната пејачка е многу вознемирена откако Врањеш најави дека на суд ќе го донесе нејзиниот порно , па преку заеднички пријател ми испрати сериозно предупредување. -Ќе нае..ш ако го пуштиш видеото! Ќе те кастрирам !!Остави ме веќе на мира и заобиколиме во широк лак. Доста е веќе. Покажа колку си јаден, запри пред да биде касно, му порачала Карлеуша на Врањеш преку заедничкиот пријател. Популарната Џеј Кеј е многу вознемирена поради тоа што интернетот е полн со нејзини голи фотки и „жешки “ преписки, а најмногу од се, се плаши поради порно видеото, кое Огнен го чува за судењето. Јелена ќе доживее нервен слом, ако тоа видео биде објавено. Тоа ќе биде најексплицитното видео до сега! Таа живее во страв нејзиниот сопруг Душко да не види како се снимала со екс љубовникот, поради тоа што тој порнич дефинитивно би можел да ја чини брак. По секоја цена таа сака да спречи порно видеото да се појави во јавноста, поради што го упатила и предупредувањето до Огнен, изјавил за српските медиуми анонимен извор близок на пејачката. Но, од друга страна Огнен Врањеш воопшто не се плаши од овие предупредување од Карлеуша и подготвува докази и вештаци со чија помош ќе докаже на суд дека се што му испраќала Јелена е автентично.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на ЛазаревиќБожиновска бара извинување за 24 часа. СДСМ да ги повлече „лагите“. Фактите не се лаги. Тие се регистар.Од 2011 до 2014 била извршен директор на Руднап Група за Централна и Источна Европа. Одговорна за активности во Северна Македонија, Србија, Бугарија и регионот. Од 23 март 2012 до 11 март 2014 - управител на Руднап Бугарија ЕООД. Во 2012 таа фирма направила промет од над 130 милиони бугарски лева. Името ѝ стои и во документацијата на загребската фирма на Руднап, промена регистрирана на 6 декември 2013, идентификувана со бугарски пасош. Не била само вработена. Била запишана управител на компанија на Лазаревиќ во Бугарија и во списите во Хрватска. Пред тоа, 2006–2011, работела во ЕЗПАДА, меѓународна трговија со струја. ЕЗПАДА се вкрстувала со мрежата на Руднап на Војин Лазаревиќ. Во 2011 нејзиното име влегува во собраниска расправа за увоз на струја. РСЕ ги пренесува стенограмите: блискост на тогашните Руднап и ЕЗПАДА со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек. Истата гранка. Тогаш имаше шеф. Денеска е министерка. На 11 август 2026 ЕВН склучува околу 13,2 милиони евра со METER&CONTROL од Србија за броила. СДСМ ја врзува фирмата со групацијата на Лазаревиќ. Граѓанинот ќе ги плати на сметка. Таа вели нема врска со постапката. Врската е целата кариера. Мостот меѓу Лазаревиќ и Мицкоски е Душан Адамовиќ. Човек со криминално минато. Навивач од хулиганските кругови околу Вучиќ. Висок кадар на СНС. Бизнис-партнер на арамијата. Почесен конзул на Македонија во Србија - човек што нашата земја ја нарекува окупирана српска територија, окупирана од Македонци. Тој е врската. Преку него оди увозот на струја. Преку него се врзуваат Лазаревиќ, Мицкоски и министерството. Божиновска е ставена да го води ресорот енергетика како човек од доверба на Лазаревиќ. Затоа има ново министерство. Затоа има увоз. Затоа има броила. Затоа има барање за извинување наместо хартија. Божиновска не е само човек од доверба. Дваесет години е во бизнис-релација со Војин Лазаревиќ - од ЕЗПАДА, преку Руднап во Софија, Загреб и Скопје, до министерското столче и договорот за броила. Иста гранка. Исти луѓе. Иста каса. Адамовиќ го држи мостот. Мицкоски ја држи власта. Народот ја плаќа сметката. Наместо извинување, го молиме Обвинителството, ако може да реагира без повик од Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенцијаЛокалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција. „Има голема заинтересираност за оваа обука, која ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат потешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите, за да се даде соодветна помош на оние на кои им е потребна", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители кои сакаат да се вклучат се прави индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изготвува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице. За информации и совети функционира и платформата www.ranaintervencija.mk, поддржана од Општина Центар. Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата. Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрастичен пад на рејтингот на ТрампРејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто – најниското ниво во неговата политичка кариера – според новата анкета на „Ројтерс/Ипсос“.Истражувањето беше спроведено во текот на четири дена, период во кој Трамп им забрани пристап до Белата куќа на три големи медиумски куќи и размислуваше за уривање на познатиот Центар за изведувачки уметности „Кенеди“ во Вашингтон, доколку името „Трамп“ не можеше да се додаде во неговиот назив. Истражувањето покажа дека гласачите сè помалку се склони да ги поддржат републиканците на Трамп на меѓуизборите на 3 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот во следните две години. Севкупната поддршка за Трамп опадна во споредба со анкетата од претходната недела, кога изнесуваше 35 отсто; особено е значајно што поддршката меѓу самите републиканци падна од 82 на 73 отсто во текот на таа недела. Незадоволството меѓу републиканците во врска со инфлацијата расте откако Трамп започна војна против Иран во февруари, што предизвика нагло зголемување на цените на бензинот и дизелот. Сега, за првпат, бројот на републиканци кои не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот го надминува бројот на оние што го фалат. Според анкетата, 51 отсто се незадоволни од неговиот учинок во овој поглед, додека 44 отсто го поддржуваат. Рејтингот на Трамп е понизок од кој било забележан за неговиот демократски претходник, Џо Бајден, чие претседателствување исто така беше одбележано со скок на инфлацијата и кој на крајот се откажа од обидот за реизбор откако лошиот настап на дебатата ги засили загриженостите за неговата возраст. Само 34 отсто од испитаниците во најновата анкета ги одобруваат нападите врз Иран. Претходно овој месец, републиканскиот лидер вети дека војната ќе заврши веднаш по изборите. Сепак, Иран не покажа знаци на повлекување, а во последните недели Техеран и неговите сојузници се заканија со дополнителни пореметувања на пазарите на нафта. Околу 82 отсто од испитаниците, вклучително и девет од десет демократи и три четвртини од републиканците, изјавија дека конфликтот веројатно ќе се одолговлечи. Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ покажа дека 43 отсто од регистрираните гласачи би ги избрале демократите на меѓуизборите, додека 35 отсто би се одлучиле за републиканците. Според агенцијата, разликата од 8 процентни поени претставува најголема предност на демократите во анкетите на „Ројтерс/Ипсос“ оваа година. За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома на Конгресот би можело да ја отежне агендата на Трамп во текот на последните две години од неговиот мандат. Трамп и понатаму ужива поддршка од републиканците во однос на имиграцијата, при што 79 отсто од членовите на неговата партија го поддржуваат; сепак, генерално гледано, само 36 отсто од Американците го поддржуваат неговиот пристап кон ова прашање, додека 55 отсто не го одобруваат. Резултатите од анкетата исто така покажаа дека околу 35 отсто од испитаниците го одобруваат пристапот на Трамп кон борбата против криминалот, додека 50 отсто не го одобруваат. Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ беше спроведена онлајн и опфати 1.277 возрасни лица од целата територија на САД. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05