Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ЗабаваКарлеуша се пофали со новогодишната декорација на нејзината луксузна вила (ВИДЕО)Пејачката Јелена Карлеуша воодушеви многу следбеници со ново видео на Инстаграм.Имено, Карлеуша во празничното издание објави како изгледа нејзиниот дом. Карлеуша секоја година се труди домот да го украси што поубаво и луксузно за своето семејство, а видеото кое го објави остави без здив многумина. Карлеуша и оваа година се погрижила за секој детал и се одлучила за розови, сребрени и беж тонови. Огромната новогодишна елка и украсите низ целата соба им го одзедоа здивот на многумина, судејќи по коментарите што нејзините следбеници со воодушевување ги оставија под нејзината објава на Инстаграм. „Бајка“, „Магија“, „Убава“, „Никогаш поубаво“ - ова се само дел од коментарите. Да потсетиме, Карлеуша Новата година ќе ја дочека на работа, во Белград, на концерт пред Народното собрание. View this post on Instagram A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање. Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме. -Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0. 🤯 Andros Townsend has been involved in an unfortunate accident while warming up for PT Prachup before their Thai Premier League game vs. Pattani. He didn't get badly injured but was on the bench and played just 1 minute in their 3-0 win. https://t.co/K9Ty9VAxRd — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) September 19, 2026 По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 годинаСојуз на синдикатите на Македонија денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари. Структура на новата СMK за месец септември 2026 година 03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754 и греење ( со изнајмен стан 60м2 ) Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %Тагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“ Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека војната меѓу Русија и Украина „не е словачка војна“ и нагласи дека ќе стори сè за да спречи Словачка да биде вовлечена во, како што рече, „неодговорна воена авантура“.Во видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо изјави дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија и оцени дека секој што сака да предизвика таков конфликт заради сопствените национални интереси, треба да ја сноси одговорноста за таквата одлука. „Војната меѓу Русија и Украина не е наша, словачка војна. Ако некој сака да предизвика воен конфликт меѓу НАТО и Русија за да ги задоволи сопствените национални интереси, тогаш мора и да преземе одговорност за таков чекор, а не да ја префрла на другите членки на НАТО“, рече Фицо. Тој оцени дека е многу лесно да се најде изговор за започнување војна, но дека државите се доволно развиени за да можат да направат разлика меѓу вистински вооружен напад и, како што рече, измислена провокација. „За време на мојата влада, никој нема да испрати словачки војници надвор од територијата на Словачка за да се борат против Русија или која било друга земја под измислен изговор“, изјави словачкиот премиер. Зборувајќи за членот 5 од Северноатлантскиот договор, Фицо рече дека оваа одредба, во случај на вистински вооружен напад врз една или повеќе членки на НАТО, остава широки можности за пружање помош на нападнатата држава. Истовремено, тој повика на крај на, како што рече, „приказната за лажната солидарност“, наведувајќи дека земјите од Европската Унија не се способни да покажат солидарност дури ни кога станува збор за цените на електричната енергија, а камоли кога се работи за смртта на војници. Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да води „суверена“ политика, притоа почитувајќи го своето членство во Европската Унија и во НАТО. „На тлото на Европската Унија нема да се откажеме од нашите суверени ставови, кои имаме намера да ги продлабочиме во рамките на соработката на Вишеградската група. А во НАТО сакаме да бидеме сигурен партнер, а не играчка во рацете на другите, и наш доминантен збор ќе биде мирот, а не војната“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter