Карлеуша: Поради тоа што сум од Србија откажан ми е концертот во Хрватска - Канал 5

Карлеуша: Поради тоа што сум од Србија откажан ми е концертот во Хрватска

На социјалните медиуми се огласи српската пејачка Јелена Карлеуша-Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац е откажан, напиша Карлеуша.

Карлеуша: Поради тоа што сум од Србија откажан ми е концертот во Хрватска

Српската пејачка Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но концертот е откажан.

Пејачката со денови го најавуваше настапот, но сега преку социјалните мрежи објави дека нема да се одржи.

- Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац е откажан од властите во Хрватска. Причината е затоа што доаѓам од Србија – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил, а потоа продолжи:

- Искрено, вакви работи во 21 век?! Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купија билети со пораката - ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека нè обедини музиката! Те сакам! ЈК – изјавила Карлеуша.

Пејачката со денови го најавуваше својот настап, но сега организаторите на фестивалот се огласија, а донекаде ја открија и причината за откажувањето.

- Концертот на пејачката Јелена Карлеуша на островот Барбаринац е откажан. Поради безбедносните предизвици и големата негативна кампања на поединец што се спроведува во последните месеци кон овој концерт, организаторите одлучија да го откажат настапот на српската пејачка која во последните години во повеќе наврати настапуваше низ Хрватска - напишаа на социјалните мрежи. Тие исто така додадоа дека островот Барбаринац „Островот на љубовта“ е место за средба на луѓе и култури од целиот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

Во врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии.

Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години.

Потребни сер 6.000 евра.

Сите кои се во можност можат да донираат на:

143 482 за корисници на А1.

143 109 за корисници на Телеком.

Халк Банка: 270 700 122 675 849

Примач: Марко Џолевски

НЛБ Банка: 210 501 786 673 895

Примач: Марко Џолевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер