3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
КошаркаКари со 39 поени го предводеше Голден Стејт до нова победаПредводени од Стеф Кари кој постигна 39 поени, осум асистенции и пет скока, кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Шарлот со 126:111 во последниот натпревар одигран ноќта меѓу среда и четврток.Резултати на другите 11 натпревари одиграни ноќеска: Кливленд - Минесота 125:97, Орландо - Индијана 88:98, Бостон - Торонто 109:104, Бруклин - Њујорк 90:95, Детроит - Њу Олреанс 118:98, Мајами - Атланта 116:93, Далас - Филаделфија 113:95, Денвер - Мемфис 99:119, Феникс - ЛА Клиперс 114:124, Јута - Милвоки 104:88 и Оклахома - Чикаго 100:128. Пласман Западна конференција: Голден Стејт 42-7 (победи-порази), Сан Антонио 37-11, Хјустон 36-16, ЛА Клиперс 31-18, Јута 31-19, Мемфис 30-21, Оклахома Сити 28-21, Портланд 22-28,... Пласман Источна конференција: Кливленд 33-15 (победи-порази), Бостон 31-18, Торонто 30-20, Вашингтон 28-20, Атланта 28-21, Индијана 26-22, Чикаго 25-25, Шарлот 23-27,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКомпани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам доброБелгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. Белгиецот изјави дека се чувствува добро. „Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот. Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.Тагови: Баерн М. Компани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТрагичен крај на холивудски актер: Почина откако го удри автомобил пред домот во Лос АнџелесХоливудскиот актер Лари Поиндекстер починал синоќа, на 66-годишна возраст, неколку дена откако бил удрен од автомобил додека ја преминувал улицата во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, каде што и живеел. Според медиумските извештаи, актерот бил во болница и чекал операција поради скршени ребра, кога ненадејно починал. Поиндекстер е роден во 1959 година во Далас. Неговиот татко, Х. Р. Поиндекстер, бил дизајнер на осветлување и сценографија, добитник на наградата „Тони“, а мајка му, Сју Ен Ердман, била оперска пејачка. Првата телевизиска улога ја добил во 1982 година во една епизода од серијата „A New Day in Eden“, а првата улога во сапуница ја остварил во 1984 година, кога го толкувал ликот на Бен Велч во осум епизоди од серијата „Days of Our Lives“, пренесува „Entertainment Weekly“. Во 1980-тите години, Поиндекстер се појави во поединечни епизоди од сериите „Happy Days“, „CHiPs“, „Silver Spoons“ и „Growing Pains“, пред да го толкува ликот на Џастин Мур во 23 епизоди од серијата „Santa Barbara“ во 1986 година. Меѓу другите улоги, тој се појави покрај Семјуел Л. Џексон и Колин Фарел во филмот „С.В.А.Т.“ (S.W.A.T.) од 2003 година, а имаше и мала споредна улога во филмот „Повторно 17“ (17 Again). Тој, исто така, настапуваше и во театар; зад себе Поиндекстер ги остави сопругата, кастинг-директорката Керол Крицер, и нивните синови близнаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter