Кари сè уште има намера да игра оваа сезона - Канал 5

Кари сè уште има намера да игра оваа сезона

 Повредениот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, не е подготвен да се откаже и да го пропушти остатокот од сезоната.

Кари сè уште има намера да игра оваа сезона

- Тоа не е наш стил. Ако имаме за што да играме, ќе играме. Затоа работам на враќање. Знам дека сме ослабени, но работата со мојата повреда е што учиме од ден на ден. Може ли да играм без страв? Може ли да бидам свој на теренот и да не се ставам во опасност на краток или долг рок? И потоа, сè уште имаме за што да се бориме. Би сакале да ги видиме момците во плејоф серија и да си ја испробаме среќата. Се надевам дека ќе го видам овој тим, со неговиот сегашен состав, здрав некое време, за да можеме да учиме што е можно повеќе и да се натпреваруваме. Тоа е она што го сакаме, изјави Кари.

Ѕвездата на „вориорс“ е надвор од теренот од 30 јануари и неодамна се врати на индивидуални тренинзи.

Тимот на Голден Стејт се надева дека Кари ќе може да учествува во неколку натпревари од регуларната сезона и да се врати во ритам пред турнирот за плејин, на кој Вориорс (32:35) треба да учествуваат за неколку недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија.

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Денеска (07.07.2026) во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше спроведена кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”.

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија. Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беше поделен превентивно-едукативен материјал, со совети кон возачите за безбедно патување.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови.п- изјави Марија Митева, портпарол на Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари

Денеска (07.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Одделението за превенција при СВР Скопје во Велес и Скопје реализираа превентивни активности на тема „Заштита од џебни кражби и измами“. 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари

На граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во Велес беа реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“, при што граѓаните беа информирани за постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Превентивна активност за заштита од измами денеска беше реализирана и на подрачје на Неготино.

Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес и ПС БПС Кочани, Штип и Пробиштип во Велес, Кочани, Штип и Пробиштип, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потенцирајќи им го на возачите ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, додека полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Валандово на подрачјата на Кавадарци и Валандово реализираа превентивни активности насочени кон мотоциклистите за важноста од носење заштитен шлем и потребата од безбедно учество во сообраќајот.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, СВР Велес, ПО Чашка и ОВР Берово во Скопје, Берово, како и во селата Иванковци, Мамутчево и Караслари, велешко и општина Чашка, денеска реализираа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период, особено кога извршуваат земјоделски работи. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер