Кари повтори достигнување на Коби Брајант - Канал 5

Кари повтори достигнување на Коби Брајант

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ноќеска на натпреварот со Атланта повтори достигнување на легендарниот Коби Брајант. 

Кари повтори достигнување на Коби Брајант

Триесет и петгодишниот Кари постигна 60 поени. Тој стана вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 60 поени со наполнети 35 години. Првиот беше поранешниот кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, кој постигна 60 поени во неговиот проштален натпревар во 2016 година на 37-годишна возраст.

Сепак, и 60 поени на Кари не беа доволни Вориорс да го избегне поразот. Домаќините победија со 141:134 по продолжение.

Голден Стејт по 46 одиграни натпревари имаат 21 победа и 25 порази и се надвор од зоната за разигрување за титулата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Турција очекува единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО во Анкара следниот месец, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс.

Анкара ќе биде домаќин на самит на 32 лидери на земјите-членки на НАТО, како и претставници од земјите-партнери во Персискиот Залив, Азија и Пацифичкиот регион, на 7 и 8 јули, во услови на тензии во рамките на алијансата околу поделбата на товарот, трошоците за одбрана и поплаките на САД за недостатокот на учество на сојузниците во повторното отворање на Ормутскиот теснец за време на војната меѓу САД и Израел со Иран.

„Нашето главно очекување од самитот е да се постигнат резултати што ќе ја заштитат националната безбедносна чувствителност на сојузниците и ќе го зајакнат духот на солидарност и единство на алијансата“, рече Ердоган на настан во Истанбул за парламентарците од земјите-членки на НАТО.

Турскиот лидер рече дека сојузниците ќе разговараат и за војните во Иран, Украина и Појасот Газа за време на состанокот, додавајќи дека официјална Анкара очекува поголема поддршка од сојузниците во напорите за ставање крај на повеќе од 40-годишното востание на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК) и вклучување на Турција во европските одбранбени планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Денешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик. 

 Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Прво би сакал да напоменам дека ваквата најава од господинот Венко Филипче е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање.

Втората работа, сметам дека Венко Филипче преку најавата за блокада на Изборниот законик, бара можно оправдување, алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат.

Третата работа е многу симптоматична и тоа е прашањето дали Венко Филипче ја следи Левица во нејзините ставови. Бидејќи денес имавме најава од Левица за можна блокада и филибастеринг на овој закон од Реформската агенда, а потоа следува потврдата од Венко Филипче којшто се обидува да го имитира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано, останува да одговори претседателот на СДСМ.

И последната поента што сакам да ја упатам, како една остра критика до претседателот на СДСМ, којшто многу често знае реторички да ја истакне важноста на граѓаните на Македонија, без разлика каде живеат, дали во државата или во дијаспората, е што токму овој Изборен законик предвидува електронско гласање на дијаспората согласно моделите коишто ги видовме во Француската Република и во Република Естонија. Ваквото електронско гласање на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање на изборите за претседател на државата и нивното учество со гласање за избор на пратеници.

Но, предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал, не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните во Република Македонија. Се забележува и преку неговиот пристап кон нашите содржавјани коишто живеат надвор од границите на Македонија. За жал, со ваквиот однос веројатно господинот Филипче ќе ги изгуби и следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат, но многу е непромислено што со ваквите потези краткорочно можеби наоѓа за себе алиби, но долгорочно ѝ прави штета на Република Македонија. Прво, по однос на нашата Реформска агенда пред Европската комисија и второ, по однос на таа нераскинлива врска на македонските иселеници со матичната држава преку можноста и уставното право тие да гласаат на секои избори.

YouTube video

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива

Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива

Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските злоупотреби и да создаде фер и транспарентни услови за работа на сите приредувачи.

Постојниот закон повеќе од една деценија ја регулираше оваа област, но во меѓувреме пазарот на игри на среќа значително се промени, се појавија нови форми на приредување, се прошири мрежата на деловни простории и оттука се наметна потребата од закон којшто ќе одговори на современите предизвици и ќе овозможи поефикасен надзор и контрола.

Една од новините е регулирањето на подарувањата (giveaway), за кои се воведува обврска за издавање дозвола и плаќање соодветна давачка за нивно приредување. Дополнително, со законот се уредува дека правото на приредување на лотариските игри на среќа, освен томболата од затворен тип, како и електронските и интернет игрите на среќа, е право на Република Македонија, која ќе ги приредува преку трговско друштво во државна сопственост.

Законот воведува и критериуми за соодветност и интегритет („fit and proper“) за членовите на органите на управување, содружниците и соработниците на друштвата кои поседуваат лиценци за приредување игри на среќа. Овие решенија се во согласност со препораките на MONEYVAL и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризам и претставуваат значаен чекор кон зајакнување на довербата во системот.

Посебен акцент е ставен и на регулирањето на рекламирањето на игрите на среќа. За првпат јасно се забранува рекламирање на надворешниот дел од деловните простории, како и користење светлечки и агресивни реклами. Истовремено, се забранува рекламирање кое создава впечаток дека игрите на среќа се средство за финансиски успех, решение за лични или социјални проблеми или кое директно или индиректно ги поттикнува малолетниците да учествуваат во нив. Дополнително, се забранува користење називи што не одговараат на видот на играта за која е издадена лиценцата, со што се обезбедува поголема транспарентност и заштита на јавниот интерес.

И со новиот закон се продолжува со финансиската поддршка на ранливите категории, односно средства во износ од 60 до 120 милиони денари кои се остварени по сите основи од приредувањето на игри на среќа и забавни игри ќе продолжат да се користат за финансирање на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија на граѓани за борба против семејното насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.

Во насока на поефикасна контрола, законот воведува задолжително поставување GPS-систем за позиционирање на секој автомат за игри на среќа, VLT и терминал за електронски игри, поврзан со Управата за јавни приходи. Со ова ќе се обезбедат точни информации за локацијата на секој автомат и ќе се спречи нивно поставување кај нелиценцирани приредувачи, што значително ќе ја подобри ефикасноста на инспекцискиот надзор.

Во делот на отворањето деловни простории се воведуваат нови правила со кои се ограничува можноста едно друштво со ист износ на основна главнина да добие повеќе лиценци. За секоја дополнителна лиценца ќе биде потребен соодветен кумулативен износ на основна главнина, со што се обезбедува поголема финансиска одговорност и пофер пазарни услови.

Со новото законско решение првпат се воведува критериум за оддалеченост на деловните простории за определени приредувачи на игри на среќа од најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

Во делот на инспекцискиот надзор и прекршоците се прошируваат основите за одземање лиценци и дозволи, а се зголемува и висината на глобите за сторените прекршоци, со што се овозможува поефикасно санкционирање на незаконското работење.

Со усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри се воспоставува современ систем кој обезбедува повисоко ниво на правна сигурност, поголема транспарентност, поефикасен надзор и подобра заштита на јавниот интерес. Очекуваните ефекти се намалување на нелегалното приредување игри на среќа, поефикасно спречување на финансиските злоупотреби, подобра заштита на малолетниците и усогласување на националното законодавство со европските и меѓународните стандарди.

Министерство за финансии

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер