Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел
Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување
1Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел
2Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување
3Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
3Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
НБАКари: Не знаев дека немаме право на тајм-аут, кога погледнав кон клупата сите се држеа за главаПрвата ѕвезда на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари за малку ќе беше трагичар на синоќешниот дуел со Сакраменто во НБА-плејофот. Голден Стејт победи со 126:125 и изедначи на 2:2 во серијата прв до четири победи.Во финишот на натпреварот при водство на Вориорс со пет поени разлика, Кари побара тајм-аут во ситуација кога тимот веќе немаше право на такво нешто, па судиите му доделија техничка грешка и топка за Сакраменто. Грешката на Кари за малку ќе доведе до пораз на Вориорс. - Не знаев дека по неуспешниот „челинџ“ не ни остануваат тајм-аути. Тоа што го направив не беше најпаметната одлука. Ме фатија пар играчи на Кингс, немав каде да бегам, решив наместо да ја изгубам топката да побарам тајм-аут... Кога погледнав кон клупата, сите се држеа за глава. За среќа, сепак победивме. Ова е добра лекција за важноста на малите нешта и нијанси, рече Кари. Следниот натпревар од серијата ќе се игра во Сакраменто ноќта среда кон четврток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.Објавата на Трамп доаѓа само два дена откако најави дека се договори со Путин за увоз на руски дизел, но на ова се спротивуваат и републикански и демократски сенатори кои да се откаже од договорот, наведувајќи дека тој е спротивен на американскиот закон со кој се забранува увоз на енергенси од Русија сè додека не ја прекине агресијата врз Украина. „Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци. Тие посочија дека владата не се консултирала со Конгресот и не доставила објаснување за својата одлука, обврска што исто така е предвидена со закон. Трамп во петокот објави дека русија се согласила да испорачува дизел на светските пазари, а неговата администрација привремено ги укина американските санкции за руското гориво. Цените на дизелот се блиску до рекордно високи нивоа, што би можело да им наштети на републиканците на меѓуизборите во САД следниот месец. Според Трамп, Путин се согласил веднаш да ослободи 300.000 тони дизел за американскиот и глобалниот пазар, по што би следела испорака на 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Володимир Зеленски остро го критикуваше договорот и го опиша како подарок за путин и инвестиција во неговата војна против украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаЗемјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширувањеВо четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата. „Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине. Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение. Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаДенеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората? Ако се реализира предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците, во тој случај денешниот ден би бил работен бидејќи празникот 11 октомври се падна во недела – токму поради тоа денеска ги прашавме граѓаните што тие мислат за овој предлог.Најголемиот дел од граѓаните со кои денеска разговаравме, а кои го искористија слободниот ден за прошетка сметаат дека законот не треба да се менува – велат за нив неработниот ден е законски загарантирано право и тоа никој не смее и не треба да им го одзима. – Стопанската комора имаше предлог ако празникот е недела понеделник да биде работен ден, како вие гледате на тоа, еве сега е таа ситуација? Па што знам да ви кажам, сепак треба одмор за овој народ, мислам дека треба одмор и секогаш кога се празници, ако се падне недела барем понеделник да биде слободен, малку со фамилијата да бидеме, сепак ние сме таква традиционална фамилија и сакаме да сме поблиску до фамилијата. – Треба да остане неработен бидејќи значењето на празниците не е само уште еден неработен ден, туку е давање на почит, за самиот повод којшто е празникот. Така да сметам дека не треба да се гледао д призма на неработен или работен ден кога се има празник. – Неработен како што си е и досега. (Да си остане вака?) Да. (значи не треба да се менува?) Не. (зошто сметате дека е подобро вака?) За повеќе неработни денови да имаме. – Искрено мислам дека треба да си остане вака, доколку се промени ситуацијата со просечна плата и како што кажав работното време на работниците да си се скрати, како што е во европските земји, таква статистика треба да се земе предвид, тогаш мислам дека можат да се скратат и празниците, доколку си остане вака мислам дека треба вака да си остане. И покрај тоа што многу граѓани бараат да нема промени, предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците ќе се најде на маса на некоја од наредните седници на социо-економскиот совет, потврдува за канал 5 Ангел Димитров, претседател на организацијата на работодавачи. Според него предлогот на Комората начелно е добар, но допрва ќе треба да се доработува. – Очигледно е дека треба нешто да се промени таму, не станува збор само за кратење, туку станува збор за поедноставување на примената затоа што во овој момент зависи од вероисповеста – некои имаат повеќе прзници, некои помалку...Па да речеме имаме некои дејности кадешто недоаѓањето на едни луѓе на работа, смета на работењето на другите и можеби тука треба да се поедностави да постојат државни празници, да не се поделени на верски, и кои ќе важат за сите граѓани на Република Македонија, во кои ќе бидат вклучени и дел од овие верските празници моментално,- изјави Ангел Димитров, претседател на организација на работодавачи. Стопанската комора на 5 октомври го презентираше предлогот за кратење на празниците – Ако државен празник е во недела, понеделник да биде работен ден, а вработените да можат да изберат кои два верски празници ќе ги користат како неработни денови. Идејата на комората е вкупниот број на празници во Македонија од 16 да се намали на 13, а со тоа велат дека ќе се зголеми продуктивноста на работниците. Сепак, предлогот веднаш предизвика бурни реакции во јавноста – премиерот Мицкоски повика на почитување на стекнатите работнички права, додека за сојузот на синдикати на Македонија е недозволиво граѓаните да работат на празник без тоа да им биде дополнително платено. Предлогот на комората допрва ќе треба да биде испратен до Министерството за економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците ќе го имаат пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook