Кари не би сакал НБА да воведе шут за четири поени - Канал 5

Кари не би сакал НБА да воведе шут за четири поени

Приказната за „четворка“ во кошарката не е ништо ново. Тоа не е новост дури ни во контекст на приказните за НБА. Но, секако е вест дека тоа навистина се воведе.

Кари не би сакал НБА да воведе шут за четири поени

И откако ја видовме првата официјална четворка во филипинската кошаркарска лига, приказната повторно стана актуелна во Америка.

Ако се погледнат ударите од далечина, онаа која е далеку „над“ линијата за три поени, има многу играчи во НБА кои самоуверено би погодиле „четворки“. Стеф Кари секако предводи по ова прашање, но токму тој гласно зборува против оваа идеја.

-Би можел да имам корист ако има шут од четири поени, бидејќи дури и сега веројатно шутирам главно од далечина што би била одредена за тој удар. Но, мислам дека тоа многу би ја променило геометријата на играта, за оние кои не знаат да шутираат од далечина да ги охрабриме шутираат од уште поголема далечина, изјави Кари на темата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров е домаќин на европските партнери од проектот „UrbanGreenLeap“

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен партнерски состанок на проектот „UrbanGreenLeap“, кој се спроведува во рамки на програмата „Interreg Euro-MED“. 

Општина Ѓорче Петров е домаќин на европските партнери од проектот „UrbanGreenLeap“

Проектот ги поврзува општините и стручните организации во заедничка работа на позелени, поотпорни и поквалитетни јавни простори.

На отворањето на состанокот, градоначалникот Александар Стојкоски ги поздрави партнерите и посочи дека растот на температурите, потребата од повеќе квалитетно зеленило и заштитата на биодиверзитетот бараат практични решенија во кои ќе бидат вклучени граѓаните.

-Нашата цел не е само да создадеме уште еден парк. Во Волково сакаме да создадеме мултифункционален, достапен и климатски отпорен јавен простор, развиен во соработка со експертите, локалните чинители и, пред се, граѓаните што ќе го користат - истакна Стојкоски.

Пилот-просторот во Волково е дел од поширокиот пристап на општината кон планирањето на зелената инфраструктура. Искуството од неговото уредување, учеството на граѓаните и изработката на Планот за урбана природа ќе послужат за подобро планирање и управување со зелените површини низ Ѓорче Петров.

Во проектот учествуваат десет партнери. Водечки партнер е Општина Цеље од Словенија, а покрај Општина Ѓорче Петров, партнери се IPoP - Институт за просторни политики од Словенија, Општина Јанина од Грција, Parkovi d.o.o. од Хрватска, Конзорциумот Oltrepò Mantovano и Ambiente Italia од Италија, Општина Будва од Црна Гора, CREAF од Шпанија и Универзитетот во Загреб - Факултет за шумарство и технологија на дрво од Хрватска.

Како асоцирани партнери учествуваат Здружението на урбани општини на Словенија, Општина Сузара, Град Вараждин и Покраината Мантува.

Општина Ѓорче Петров им се заблагодарува на сите партнери за досегашната соработка и за размената на знаење и искуства што ќе придонесат за реализација на пилот-проектот во Волково и за понатамошен развој на зелените површини во општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката

Јубилејното 50. издание на еден од најстарите и најконстантните турнири во календарот на Одбојкарската федерација на Македонија, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката

Јубилејното 50. издание на еден од најстарите и најконстантните турнири во календарот на Одбојкарската федерација на Македонија, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, утре, 7 октомври, ќе се одржи во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово, во организација на семејството на одбојкарската легенда, Хаџииљоски, како и Одбојкарската федерација на Македонија.

Турнирот од оваа година добива и ново значење Супер куп на Македонија, кој ќе продолжи да се одржува секоја година пред почетокот на новата сезона.

Јубилејното издание беше најавено со прес-конференција во просториите на Министерството за спорт, кој е традиционално најголем поддржувач на меморијалот. На средбата со медиумите присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и потпретседателот на ОФМ и син на одбојкарската легенда, Ивица Хаџииљоски.

„На мое огромно задовлстово дојдовме до 50. јубилејно издание на турнирот. Големо задоволство за мене е што годинава турниот е во Тетово каде што изворно почна да се одржува, меѓутоа последните десетина години овој турнир беше ставен во функција на одбојкарските репрезентации на Македонија и турнирот се одржуваше на различни места. Оваа година заедно со претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и со генералниот секретар, Филип Деспотовски се договоривме, турнирот да прерасне и во официјален Супер Куп на Македонија. Овој турнир што го правиме во чест на мојот покоен татко ќе добие и нова улога како Супер Куп, кој секогаш ќе се одржува пред почетокот на сезоната. Турнирот е со огромна традиција, на него учествувале многу репрезентации, многу клубови и се надевам дека и годинава ќе присуствуваме на квалитетни натпревари меѓу најквалитетните екипи во Македонија од минатата сезона во машка и во женска конкуренција“, истакна синот на легендата, Ивица Хаџииљоски.

ОФМ се гордее што е една од ретките Федерации која може да се пофали со еден ваков голем јубилеј и константност на еден настан во својот календар.

„Самата импозантна бројка кажува сѐ. Турнир со голема традиција и додадена вредност во спортот. Најдобро за тоа говорат сите екипи и играчи кои во изминативе 50 години биле дел од овој турнир. На последното Европско првенство имаше тројца-четворица одбојкари кои настапувале на турнирот, а сега се едни од носителите на играта во своите репрезентации и најдобри играчи на светот, а претходно биле наградувани и на овој турнир“, истакна Петар Јовановски, претседател на ОФМ.

Организаторите му доделија благодарница на министерот за спорт, Борко Ристовски за поддршката и на одбојката, но и на овој традиционален турнир.

„Особено ми е драго што последниве години имаме одлична соработка со раководството на Одбојкарската федерација на Македонија и сите оние работи што ги правиме заеднички за раздвижување на одбојката добиваат некој нов терк и одбојката повторно зема замав. Овој турнир и давањето на значење тој да биде и Супер Куп на Македонија е само уште една потврда дека Одбојкарската федерација има план заедно со семејството Хаџииљоски во интерес на одбојката и на одржување на традицијата. Педесет години да организирате ваков турнир е навистина импозантна бројка и ние како држава, како Министерство за спорт и како Влада секогаш сме тука да дадеме поддршка и да помагаме за се што можеме и да излеземе во пресрет. Вакви настани и вакви љубилеи не покажуваат само еден Супер Куп, туку покажуваат нешто многу повеќе, покажуваат посветеност на семејството, љубов кон одбојката и кон спортот. Ние како Министерство за спорт и јас лично како поранешен спортист и сега како министер за спорт знам да го ценам тоа и секогаш ќе бидам пријател на луѓето кои се вистински љубители на спортот. Утре, Тетово ќе биде градот каде што ќе се случуваат убави работи, каде што ќе се промовира одбојката и Македонија како држава во која се промовира спортот и вистинските вредности“, истакна министерот за спорт, Борко Ристовски.

Еднодневната програма на „Чајка“ Супер купот ќе стартува со машкиот натпревар меѓу освојувачот на двојната круна, Штип УГД од Штип и финалистот во првенственот плеј-оф и Купот, ГОК Борец од Велес, во 17 часот, додека женскиот Суперкуп дуел меѓу шампионот Работнички Скопје и освојувачот на Купот 2026, ЖОК Вардар ЕМ, двете екипи од Скопје, е закажан за 19:30 часот.

Влезот во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово ќе биде слободен, а организаторите испратија покана до сите љубители на спортот и одбојката да бидат дел од овој јубилеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите актери на Драмски триумфално на „Денови на комедија“ во Куманово

Нина Елзесер ја доби наградата за споредна женска улога, а Марјан Наумов ја доби наградата за млад актер.

Младите актери на Драмски триумфално на „Денови на комедија“ во Куманово

Драмски театар Скопје на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово настапи со претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Во претставата Нина Елзесер ја игра улогата на Луси, а Марјан Наумов го игра ликот на Миле.

Фестивалот годинава се одржа од 23 септември до 5 октомври и согласно со фестивалската програма беа изведени 11 претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија. Десет претстави беа дел од натпреварувачката програма.

„Болва в уво“, една од најпознатите фарси на францускиот драмски автор Жорж Фејдо, во постановката на Драмски театар е динамична театарска машина во која еден мал сомнеж е доволен да предизвика лавина од недоразбирања. Љубовната несигурност го придвижува светот на погрешни врати и соби, заменети идентитети, неочекувани средби и луѓе кои постојано се наоѓаат на погрешното место во погрешно време. Секој обид да се воспостави ред создава уште поголем хаос, а забрзаното темпо на сценската игра ја води фарсата кон нејзините крајни комични последици.

Во режисерското читање на Синиша Евтимов, зад механизмот на фарсата стои свет во кој сите зборуваат, но никој вистински не слуша. Ликовите комуницираат преку сомнежи, претпоставки, полуинформации и недоизговорени реченици, додека љубомората, стравот и лагата стануваат движечка сила на нивното однесување. Дијалогот постои, но често само како маска за низа паралелни монолози, а малите приватни „војни“ се раѓаат во главите на ликовите уште пред да постои вистинска причина за нив.

Оттаму, креветот што се врти, вратите што се отвораат и се затвораат и телата што непрестајно се разминуваат и се судираат не се само препознатливи механизми на класичната фарса туку и сценска топографија на недоразбирањето. Во навидум елегантниот свет на La Belle Époque, под површината на рационалноста и општествените правила, се откриваат ниските страсти, паранојата и човековата опседнатост со туѓите постапки. Претставата ја задржува експлозивната комика на Фејдо, но истовремено го отвора прашањето колку од тој свет на неслушање, сомнежи и однапред создадени вистини препознаваме и денес.

Во претставата настапуваат: Дениз Абдула во улогите на Виктор и на Поше, Ања Митиќ како Рената, Марјан Наумов како Миле, Лазар Христов како Ристе, Игор Стојчевски како д-р Филев, Стефан Вујисиќ како Дони Карлос Хоменидес, Нина Елзесер како Луси, Владимир Петровиќ како Бегби, Рубенс Муратовски како Филип, Катерина Шехтанска-Лаковски како Оли, Томислав Давидовски како Ангел, Јована Спасиќ како Анета, Петар Стојковиќ како Бате и Ивана Павлаковиќ како Евгенија.

Режијата и адаптацијата се на Синиша Евтимов, сценографијата е на Мартин Манев, а костимографијата на Раде Василев. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер Милка Анчевска.

„Болва в уво“ премиерно беше изведена на 17 декември 2025 година на големата сцена на Драмски театар. Претставата трае 125 минути без пауза. Публиката повторно ќе може да ја погледне на репертоарот на Драмски театар Скопје на 10 октомври, со почеток во 20:00 часот, а билети може да се купат на билетарницата на театарот и на веб-страницата dramski.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер