3Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
НБАКари најмалку две недели надвор од терените Играчот на Голден Стејт Стеф Кари според првите проценки надвор од терените ќе биде најмалку две недели по повредата добиена на синоќешниот дуел со Хјустон (натпревар број 4) во плеј офот. Според американските медиуми Кари ги има повредено лигаментите на десното колено, но по деталните прегледи ќе се знае тежината на повредата и точно колку ќе отсуствува од терените. Играчот на Голден Стејт се повреди во последните секунди од првиот дел, кога се лизна на местото каде претходно падна противнички играч на теренот. Кари се појави пред стартот на второто полувреме, но беше забележливо дека тешко се движи и повторно се врати во соблекувалната. Инаку, Кари поради повреда на скочниот зглоб добиена на првиот натпревар со Хјустон ги пропшути следните два натпревара. Голден Стејт води против Хјустон со 3-1 во победи и потребен му е уште еден триумф за пласман во следното коло. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството. Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУбиена лекарката на британското кралско семејствоДокторката Хана Кејн, која лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во својот дом во Дерсингам, недалеку од кралскиот имот Сандрингам. Нејзиниот сопруг е уапсен под сомнение за убиство. Кралот Чарлс и кралицата Камила исто така биле информирани за нејзината смрт, објавија британските медиуми. Полицијата од Норфолк била повикана во домот на Хана Кејн, професионално позната како Хана Тери, кратко по два часот наутро на 4 октомври. Повикана била брза помош, а докторката била прогласена за мртва на местото на настанот, објавија денеска лондонски медиуми. Нејзиниот сопруг, Марк Кејн, бил уапсен под сомнение за убиство и е во притвор во исчекување на истрагата. Полицијата подоцна добила наредба за продолжување на притворот за дополнителни 32 часа за да им се даде на истражителите повеќе време. Обдукција била извршена следниот ден. Хана Кејн работеше во Медицинскиот центар Гримстон, кој објави дека привремено ги затвора своите врати по нејзината смрт.Тагови: Британија крал Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупцијаСо скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада. И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието. Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter