Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
1Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
2ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
1Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
НБАКари го сруши рекордот на Ален Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари постави нов рекорд во финалињата од НБА лигата, откако ноќеска на дуелот со Кливленд, девет пати прецизно шутираше зад линијата за три поени.Досегашниот рекорд со осум тројки на еден натпревар од финалето во НБА лигата беше во сопственост на Реј Ален од Бостон Селтикс. Кари со 33 поени, осум асистенции и седум скока имаше голем придонес во триумфот на Голден Стејт кој се наоѓа на половина пат од одбрана на шампионскиот трофеј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАДрама околу „Лејкерс“: Џини Бас ги тужи своите браќа и сестри поради продажба на удели Џини Бас, сопственичката и раководител на „Лос Анџелес Лејкерс“, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер.Доколку се реализира ова, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на својот преостанат удел во „Лејкерс“, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. Нејзиниот адвокат, Адам Страјсанд, во писмото наведе дека продажбата не може да се спроведе без согласност на актуелните довереници на семејниот фонд – Џини, Џени и Џои Бас. Проблемот е во тоа што за функцијата гувернер на „Лејкерс“ е потребно најмалку 15 отсто сопственост. Доколку се продаде уделот од 17,8 проценти на семејството, Џини Бас повеќе нема да го исполнува тој услов и ќе ја изгуби својата улога како контролен сопственик. Според претходниот договор со Марк Волтер, тој требаше да остане на таа позиција барем до 2030 година. Конфликтот во семејството Бас трае со години, уште од смртта на Џери Бас во 2013 година. Џини го разреши својот брат Џим од функцијата раководител на кошаркарските операции во 2017 година, по што уследија судска тужба и обид на Џим и Џони да ја отстранат од позицијата сопственик со контролен удел. Ниту продажбата на мнозинскиот удел на Марк Волтер минатата година не помина без контроверзии. Волтер тогаш ја презеде контролата врз „Лејкерс“, при што франшизата беше проценета на 10 милијарди долари. Сепак, сега Волтер се согласи да ги продаде „Лејкерс“ на Кушнер и Ајгер за рекордни 12,5 милијарди долари. Доколку се реализира договорот со семејството Бас, тие двајца би контролирале околу 83 отсто од клубот. Според ESPN, Џини била единствената од шесте деца на Џери Бас која не ја поддржала конечната продажба на семејниот удел. Остатокот од семејството изјави дека донеле заедничка одлука да ги продадат преостанатите акции. „Ги сакаме Лејкерс и нивните навивачи и ќе продолжиме да го поддржуваме Лос Анџелес, но време е да ја искористиме оваа можност и достоинствено да се повлечеме“, се вели во соопштението на семејството Бас. Сепак, страната на Џина тврди дека семејните довереници имаат обврска да зачуваат најмалку 15 проценти од сопственоста, за таа да може да остане контролен сопственик. Семејството Бас е сопственик на „Лејкерс“ уште од 1979 година, кога Џери Бас го купил клубот од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.Тагови: ЛА Лејкерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречкиСо гордост објавуваме дека нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт Лука Заложник ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки.Светското првенство од 19 до 23 август ќе се одржи во Ахен, Германија – храмот на светскиот коњички спорт. Во конкуренција на најдобрите натпреварувачи од светот, тој ќе ја претставува нашата земја со гордост и спортски дух. Тагови: Лука Заложник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци.Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Негов личен пријател и според нашите информации близок соработник. Ова не е обичен безбедносен инцидент. Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан? Која е позадината? Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа. Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби? Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии. Јавно го повикуваме Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори: Дали е во прашање провизија - мито од 300.000 евра за бизниси и тендери? Каде требало да завршат 300.000 евра? Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје? Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени? Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник? Вака изгледа кога организирана криминална група владее со државата. Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност. Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретарТагови: Саша Димитријевиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter