СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
2СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ЗдравјеКардиоваскуларните пациенти не сакаат комисија да одлучува кој, каде и кога ќе се оперира Времето значи живот, никој не смее да чека за потпис за операција, а најавата за формирање комисија која ќе одредува кому му е потребна операција, а кому не, каде ќе се оперира и кога ќе дојде на ред е опасна и не враќа 20 години назад. Ова е ставот на Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања „Здрава иднина“ по најавата на министерот Алиу дека ќе има национална листа за кардиолошки операции и стручен хард тим кој ќе одлучува. Од Зружението сметаат дека за живот на еден човек не смее да се одлучува бирократски и бараат средба со Алиу. Пред 15-тина 20 години ваква комисија постоеше од пет члена беше составена и одредуваше дали на некој му е потребна операција или не. Да бидеме отворени, таа комисија беше извор на субјектвни одлуки и на коруптивни одлуки. Во изминатите 15 години ако нешто доби на квалитет во кардиоваскуларната свера е тоа што пациентите може да бираат помеѓу приватните и државните „оператори“ што е европско и цивилизациско достигнување. Има општо позната теза која вели „ако сакаш да направиш проблем или да не го решиш формирај комисија. Министерот на последната прес-конференција кажа дека мора да има нови механизми за контрола и ревидирање на протоколите со цел да не се повтори пациенти да бидат оперирани без потреба и за профит, за што сомнежите ги потврдија и експерти од странство. -Формираме национален „хард тим“ составен од 9 членови, кардиолози и кардиохирурзи, а тимот ќе биде составен од претставници од јавните и приватните здравствени интитуции во нашата земја. Ќе се пристапи кон формирање на национална листа на кардиохируршки операции. Целта на оваа листа е да имаме појасен увид во елективните интервенции, нивната медицинска оправданост. Редоследот на упатувањето и установите во кои истите ќе се извршат. Итните случаи остануваат приоритет и кај нив нема да има административно одложување. -Азир Алиу – министер за здравство . Од Здужението очекуваат да бидат повикани во Министерството во текот на наредните две до три недели, а иако се „за“ контролен механизам, сметаат дека идејата со комисија и национална листа не е соодветно решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморениАктивноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријавиНа 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со РоманијаБеспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМомчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16