Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗдравјеКардиолог открива зошто престанал да пие млекоДокторот објаснува како овој напиток може да има несакани ефекти и да биде опасен по здравјето...Познатиот лекар и кардиолог Гери Фрејзер со години ги истражува ефектите на млекото и млечните производи врз нашиот организам. Тој со години е познат конзумент на кравјото млеко, тој има над 50 години работно искуство и живее во сината зона на Лома Линда во Лос Анџелес, место познато по тоа што е населено со христијански адвентисти кои живеат една деценија подолго од нивните сонародници во истата земја, пишува Инсајдер. Адвентистите се придржуваат до редовното вежбање и строгата вегетаријанска исхрана, јадат многу зеленчук, грав и млечни производи, но за разлика од просечниот Американец, тие консумираат помалку месо. Оваа диета се базира на нивната религија и познатиот доктор со години го проучувал нејзиното влијание врз здравјето на луѓето, долговечноста и хроничните болести. Неговото истражување опфати 100.000 адвентисти кои живеат низ САД и Канада. Лекарот во својата студија открил дека јаткастите плодови играат важна улога во исхраната на адвентистите и дека тие се најздравиот извор на протеини. Според него овие протеини се поздрави за срцето од тие во месото. Фрејзер открил и други начини на кои адвентистичката диета придонесува за ниската стапка на срцеви заболувања, висок крвен притисок, дебелина и дијабетес. Сепак, овој кардиолог го преиспитал својот став за консумирање на млекото. Бидејќи консумирањето млеко никогаш не се поврзувало со некои поголеми проблеми со срцето, но и поради неговата богата содржина на калциум, овој лекар го вклучил во својата исхрана, која е традиционална за адвентистите. Сега по долго истражување за стапката на рак на простата и рак на дојка тој вели дека го сменил мислењето и дека го исклучил млекото од исхраната. Фрејзер за Инсајдер изјави дека знаел оти млекото е добро за телото како извор на калциум и дека е неопходно за здрави коски и крв, но сепак, истакнал дека адвентистите добиваат доволно калциум од гравот, тофуто, бадемите и лиснатиот зеленчук. Според некои истражувања што ги спровел, се чини дека млекото го зголемува ризикот од рак на дојката и рак на простата. Не било важно дали се работи за полномасно млеко или за млеко со помалку маснотии, тој открил дека консумирањето дури и помалку од 180 мл дневно од овој напиток, може да направи значителна разлика. Сите видови кравјо млеко го зголемиле ризикот од рак на дојка кај жените и рак на простата кај мажите. Следејќи ги овие податоци, Фрејзер решил да се откаже од млекото, но напоменал дека сè уште јаде сирење и други млечни производи бидејќи претходните истражувања покажале дека протеините и калциумот структурирани во сирењето немаат негативно влијание врз здравјето како млекото. Познатиот лекар истакнал дека не е сигурен каква е поврзаноста на консумирањето на млекото со појавата на ракот, но верува дека консумирањето млеко влијат врз нашите хормони. Сепак, ризикот од рак со себе носи и други фактори, како што се генетиката и влијанието на околината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност! Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме? Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен. Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови. Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон! БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ! Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка. Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот. Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПоради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат. Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања. Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата. За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието. На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите. Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.Денеска сакам да ве известам за две работи.Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка. По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение. Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме. Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината. Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци. Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши. Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања. Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината. Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието. Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања. Овие два преседани сметам дека се невидени. Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство. Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook