Кардиохирург од Италија и двајца лекари од Словенија ќе ги проверуваат спорните операции на срце - Канал 5

Кардиохирург од Италија и двајца лекари од Словенија ќе ги проверуваат спорните операции на срце

Кардиохирургот Д-р Уголино Ливи од Италија, Д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург и Д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог, и двајцата од Словенија, ќе ја сочинуваат странската експертска комисија.

Кардиохирург од Италија и двајца лекари од Словенија ќе ги проверуваат спорните операции  на срце

Откако Кедев се повлече од здравствениот совет на Министерството формирано за случаите „операции на срце за профит“ со кусо појаснување дека за контролните процеси неопходни се компетентни кадри, Министерството за здравство ги објави имињата на странските експерти кои треба да почнат со работа од наредната недела.

Кардиохирургот Д-р Уголино Ливи од Италија, Д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург и Д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог, и двајцата од Словенија, ќе ја сочинуваат странската експертска комисија што треба да даде конечен извештај за тоа - што се случувало со операциите на срце во Македонија, откако внатрешната македонска комисија пред два ипол месеци обелодени дека, од 19 случаи, 10 се пациенти на кои без потреба во операциона сала им се извршила хируршка интервенција или непотребно биле упатени за операции.

Во појаснувањата од Министерството во однос на компетенциите стои дека Д-р Ливи од Италија е редовен професор од областа кардиохирургија и има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. За Д-р Лакиќ се наведува дека има повеќегодишно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој воедно е и доктор на науки. Д-р Миха пак, има долгогодишно искуство на одделот за кардиологија и има титула доктор на биомедицински науки.

Додека во Министерството се договараат идни термини со цел експертите од странство и од Македонија да имаат он-лајн состанок, Министерот Алиу во телефонски разговор за Канал 5 вели дека сака лично од Кедев да ги чуе причините за повлекувањето од советодавната улога.

Ако странските експерти ги потврдат извештаите на македонските, дека без потреба се правеле операции на срце за профит, ќе се отворат низа прашања, меѓу кои и тоа дали државата ќе ги обештети луѓето кои биле подложени на зафат во операциона сала, иако не им бил потребен.

Скандалот со „операции на срце за профит“ изби лани летото кога кардиолог Сашко Кедев јавно кажа дека во приватни болници во сала се внесувале луѓе за стентирања и операции за профит, по што беше вклучен во советодавното тело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годината

Речиси педесет тони  небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Околу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годината

Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори..

Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини 

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини.

На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено.

Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати.

Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени.

Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко .

Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска

Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска која ја пренесуваат комарците во земјава, а последните ПСР тестови за последните случаи се негативни, информира Министерството за здравство.

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска

Од министерството посочуваат дека до институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, а од Инфективната клиника за Канал 5 пак велат дека состојбата на тројцата скопјани кои деновиве беа ставени на респиратор поради тешка форма на западно нилска треска со воспаление на мозокот и мозочните обвивки останува иста, ниту се подобрува ниту се влошува.

Вкупниот број на потврдени и суспектни на „западен нил“ е 16, вели директорот на Инфективна д-р Фадил Цана..

Сите се над 60 години со придружни хронични болести и сите инфекцијата ја добиле во Македонија, никој не патувал во странство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер