3 Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
Шоу бизКарди Би ослободена од обвиненија за напад во 2018 годинаРаперката Карди Би доби граѓанска парница во Калифорнија по обвиненија за телесна повреда, избегнувајќи исплата на милионски оштети.Поротата едногласно ја ослободи 32-годишната музичарка откако таа ги негираше тврдењата дека физички нападнала обезбедувач во 2018 година, јави денеска телевизијата Court TV. Случајот се однесуваше на инцидент во Беверли Хилс, кога Карди Би, тогаш бремена со своето прво дете, посетила лекарска ординација. Обезбедувачката тврдеше дека добитничката на Греми ја плукнала и ѝ го изгребала лицето со ноктите, велејќи дека конфронтацијата ја трауматизирала по што ја загубила и работата. Таа бараше милионски надомест. Карди Би, чие вистинско име е Белкалис Алманзар, сведочеше дека никогаш не ја допрела жената, инсистирајќи дека расправијата била само вербална. Таа изјави дека се чувствувала вознемирена кога обезбедувачката се обидела да ја снима со телефон. Во тоа време, Карди Би беше мажена за раперот Offset. Раперката и претходно имала правни проблеми. Во 2022 година призна вина за телесна повреда и загрозување на безбедноста при тепачка со две келнерки во стриптиз-клуб во Њујорк, добивајќи казна од 15 дена општествено корисна работа. Година подоцна, полицијата ја истражуваше за инцидент во Лас Вегас, кога таа фрли микрофон кон публика откако некој ја испрска со пијалак за време на настап. Тој случај беше отфрлен поради недостиг на докази. Тагови: Карди Би обвиненија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМицкоски на потпишување договор за нова инвестицијаПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерииУкраина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степениСончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter