Каратистот Боре Видевски негира каква било поврзаност со убиствата на Вања и Панче - Канал 5

Каратистот Боре Видевски негира каква било поврзаност со убиствата на Вања и Панче

​Претходно Манев сведочеше дека грабнувањата биле планирани за да се обезбедат пари за партијата.

Каратистот Боре Видевски негира каква било поврзаност со убиствата на Вања и Панче

По Велибор Манев, денеска во Кривичниот суд почна сведочењето и на обвинетиот Боре Видевски на судењето за убиствaтa на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

Но, за разлика од Манев, Видевски пред судот негираше дека договарале грабнувања и убиства, туку вели дека се договарало литија. Судењето го следи Михајло Видимлиски.

Има ли обаснување од Боре Видески за неговата ДНК што беше пронајдена на лентата со која и била врзана Вања?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Средбата Мицкоски – Таравари по првомајските празници

Продолжуваат превирањата меѓу Вреди и Арбен Таравари додека се чека премиерот Мицкоски да пресече – дали Алијанса на Албанците на Таравари останува или си заминува од Владата.. 

Средбата Мицкоски – Таравари по првомајските празници

Дали Арбен Таравари ќе остане во власта или ќе оди во опозиција ќе се знае после 1 мај. Од Владата за Канал 5 потврдија дека премиерот Мицкоски планира средба со Таравари на оваа тема, но таа ќе се одржи за околу 2 недели..

Во меѓувреме останатите лидери од Вреди стануваат се понетрпеливи. По Меџити вчера, и Касами денеска од Тетово му порача на Таравари дека секој што соработува со ДУИ и Ахмети не може да биде дел од Владата.. Заминувањето Таравари од коалицијата според Касами нема да влијае на бројот на гласачи кои ја поддржуваат Вреди, а тие целото внимание сега го насочувата кон трансформирањето на платформата во една партија..

– Ние како коалиција добивме 107 илјади гласови …Затоа цениме дека овие 107 илјади гласови се нашиот легитимитет да ги претставиме тие гласови во Владата..

во текот на неделава партиите од „Вреди“ ќе именуваат 23 свои претставници за претседателството кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име, а потоа согласно статутот што ќе го усвојат ќе се избира претседател и партиски тела.“изјави Касами.

Таравари, викеднов во изјава за „Стадион“ кажа дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди.. Ќе одат со свои советнички листи, но не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ во вториот круг од изборотие за градоначлници. Тој вели и дека доправа ќе се одлуќува дали ќе остане во Владата, а конечната одлука ќе се носи на средбата која ќе ја има со премиерот Мицкоски.

„Со Ахмти не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не ќе одиме во опозиција. Генерлно ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот.

Со порака до „Вреди“ се огласи и Зијадин Села, чие крило од Алијанса за Албанците е во коалиција со ДУИ. Во тв емисија им порача да ја напуштат Владата и да се обединат со нив за, како што вели, да направат доволен притисок за одржување на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните наесен. Сепак, за Села линијата е јасна - обединета Алијанса за Албанците е можна само ако Арбен Таравари поднесе оставка.

YouTube video

Објавени се последните зборови на Папата

Последните зборови на папата Франциск во понеделникот беа благодарност на неговиот здравствен асистент кој му помогнал да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар од папамобилот еден ден претходно, на Велигден.

Објавени се последните зборови на Папата

„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Францис на Масимилијано Страпети, кој му пружил 24-часовна нега на папата во изминатиот период, објавија денеска официјалните медиуми на Ватикан, пренесе Индекс.

Почина по мозочен удар

Франциск (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и се чинеше дека е подобро.

Последните денови ги помина работејќи, спротивно на советите на лекарите кои му наложија да одмори најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне. Во недела, Велигден, на плоштадот Свети Петар го пречекаа околу 35 илјади верници. Папата седна на подигнато столче во задниот дел од Папамобилот.

Верниците извикуваа „вива ил папа“ (да живее папата), а неговото возило запре неколку пати за да може Франциск да ги благослови бебињата што му ги донеле неговите помошници.

„Тој не страдаше, сè се случи многу брзо“

Остатокот од неделата Папата го поминал вообичаено, имаше „тивка вечер“. Првите знаци на влошување на здравјето се појавија во понеделник наутро во 5:30 часот.

„Нешто повеќе од еден час подоцна, гестикулирајќи со раката кон Страпети, Папата падна во кома“, објави Ватикан. „Тој не страдаше и сѐ се случи многу брзо“, се вели во соопштението и се додава дека Франциск починал откако „повторно ги прегрнал луѓето, по долго време“.

Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, по реакциите во дел од јавноста дека во околината на градот се шири токсична прашина.. 

РЕК Битола

Километарскиот облак од пепел и прашина во Пелагонија кој произлезе од РЕК Битола го вклучи алармот кај битолчани кои со бурните реакции на социјалните мрежи, преку видеа и фотографии го активираа и тамошното обвинителство да отвори предмет. Од инспекторатот за животна средина, по барање на обвинителството веќе извршиле вонредна инспекција во која се утврдени недостатоци во одлагањето на пепелта, а воедно се истражува и дали испуштеното од електранта е токсично.

„Надзорот беше извршен и беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина/пепел на одлагалиштето за пепел поради што ДИЖС наложил на РЕК Битола да ги отстрани утврдените недостатоци и да постави резултати за извршени мерења на амбиенталниот воздух на одлагалиштето за пепел во рок од 30 дена од извршениот надзор.“

Од РЕК Битола пак велат дека според мерењата од акредитирана лабораторија, не биле надминати вредносните граници на загадување, но уверуваат дека станува збор за децениски проблем кој сега се решени да го отстранат и да воспостават одржливо работење според сите еколошки стандарди.

„Сите раководства претходно го имале овој проблем, е сега, начинот со поместување на траката, кое што е предвидено и се врши веќе, од 25ти април, ќе продолжи директно во касета и со тој начин гледаме да го минимизираме делот кој што одлетува во воздухот при спуштањето на пепелта во касетата. Во испитуваниот период не е надмината 24 часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани честички ПМ10.“

Екоактивистите пак од Битола се скептици дека нешто ќе се промени, оти велат ова е проблем со кој граѓаните се соочуваат 30тина години, поради кој битолчани, а особено оние кои живеат во околината на комбинатот, се почесто завршуваат на онкологија.

„Онкологија ќе ви каже кои се најбројни пациенти кај нив, од карциномот и од лошото не можеш да „куртулиш“, не познавам човек кој нема негов пријател или роднина, познаник, да не се лечи од канцер или да не му починал некој од канцер. РЕК Битола со неговото несоодветно справување со животната средина е голем причинител на такви заболувања, за респираторни да не зборуваме, во тие населени места нема новороденче или дете до 10 години кое нема респираторни проблеми.“

Градоначалникот на Битола,Тони Коњановски побара институциите соодветно да се справат со овој проблем и истиот итно да биде решен за благосостојба на граѓаните.

Инаку, РЕК Битола има обрска до крајот на април да врши мерења на воздухот, а потоа истите инспекторатот да ги достави до Обвинителството, по што тоа ќе одлучи дали ќе продолжи со предметот кој е отворен.

притисни ентер