Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
1Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
МакедонијаКаранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблемиВласта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат, и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток.Власта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат, и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5. Каранфилова Пановска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ свесно се обидува да ја дефокусира јавноста и да предизвика внатрешни поделби во СДСМ. Во тој контекст, Каранфилова Пановска нагласи случајот со Шилегов, е еден од начините преку кои се поттикнуваат такви поделби, наместо да се зборува за реалните проблеми на граѓаните. „Значи, не станува збор за различно мислење, не станува збор за поинакво поимање на политиките, затоа што не слушнавме ништо, ниту што СДСМ треба да прави или не треба да прави, конкретно на ниво на политика. Уште помалку слушнавме нешто против власта, така што очигледно е дека тоа не оди во полза на СДСМ. Тоа е одработување за ВМРО-ДПМНЕ. Посредно или непосредно, тоа е одработување за ДПМНЕ. А ДПМНЕ работи на разнебитување на опозицијата“, рече Каранфилова Пановска. Таа додаде дека владата, наместо да ги решава проблемите и предизвиците со кои е соочена државата, се занимава со СДСМ. „Не може да се троши толку време на тоа што се случува во опозицијата, а да не зборува никој за тоа што не работи актуелната власт. ВМРО-ДПМНЕ е речиси две години на власт во Македонија. Дали една политика која што е од интерес за граѓаните и за државата успеаја да ја сработат? Дали еден проект, освен започнатите што ги затекнаа од владата на СДСМ, успеаја да започнат или да завршат? Владата на ДПМНЕ и Мицкоски не мрдна со мал прст да направат нешто за да го заштитат стандардот на граѓаните и изминативе две години, во континуитет, а особено сега при ваков нов ценовен шок, кој што се должи на порастот на цената на енергенсите, што, се разбира, повлекува спирала и пораст на цените во маркетите“, рече Каранфилова Пановска. Дополнително, како што посочи Каранфилова Пановска, за овие две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не знае да менаџира со јавните финансии. „Факт е дека државниот буџет и кондицијата на оваа влада некако издишува. Ние имаме дупка во буџетот од скоро 2 милијарди евра. Буџетот не е ликвиден да ги сервисира дневните потреби, уште помалку е ликвиден да го сервисира стопанството. Се доцни со поврат на ДДВ кон компаниите. Крајот на 2025 година, оваа влада ја заврши со тоа што имаше 8% помалку реализирани приходи. Паралелно на тоа имаме ново задолжување од 1 милијарда, внатрешно, имаме дополнително задолжување од 300 милиони евра. Тоа се тие 2 милијарди кои што се реален буџет. Не знам каде отидоа парите од првото задолжување, од првата милијарда евра од унгарскиот кредит“, рече Каранфилова Пановска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПочина новинарот Бранко Радовановиќ Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ. Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција. Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанокПолскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“. Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите. Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран. „Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X). Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили. Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет. Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански. Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата. #BreakingNews 🇵🇱 Unconfirmed reports of a potential coup attempt led by Prime Minister Donald Tusk have emerged in Poland. President #Nawrocki has reportedly aborted an overseas visit mid-flight and is returning home. https://t.co/MEJilbLDqn #Poland #Warsaw #RegimeChange #Coup https://t.co/CDA8uo1PZn — People's Eye (@eye_peoples) October 30, 2026 Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37