Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом! - Канал 5

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Таа истакна дека на овие избори граѓаните на Вевчани повторно ќе ја покажат својата сила и решителност.

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

„Вевчани е посебно место – по својата историја, традиција, но и по духот на луѓето. Вевчанци секогаш знаеле гласно и јасно да ја кажат вистината, да кажат ‘Доста е!’ кога нешто не е како што треба“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска на граѓанска трибина во Вевчани.

Таа истакна дека на овие избори граѓаните на Вевчани повторно ќе ја покажат својата сила и решителност:

„Да му кажеме на ВМРО-ДПМНЕ доста е! И во Вевчани, а со тоа да испратиме порака низ цела Македонија. Затоа што се работи за нашиот дом.“

Каранфлова Пановска потсети дека граѓаните веќе видоа како изгледа Вевчани препуштено на ВМРО-ДПМНЕ – застанати проекти, запоставени граѓани, изгубени години. „Нивниот градоначалник не е гласот на народот, туку глас на партијата. Не работи за граѓаните, туку за бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ“, подвлече таа.

„Наместо развој видовме застој. Наместо подобар живот – растечка сиромаштија, стагнација на платите, дивеење на цените и масовна иселување. Македонија оставена без план, без визија, без перспектива. Боли кога гледаме како нашиот дом се руши. Затоа ова не се само избори – ова е борба за иднината на Македонија, за нашите деца да растат во европска, модерна и просперитетна држава,“ нагласи Каранфилова Пановска.

Таа истакна дека мисијата на СДСМ е да ја врати надежта, правдата и државата во рацете на граѓаните. „Нашата борба е за секој наш дом, за секоја наша улица, за секое семејство,“ рече таа.

Во Вевчани, Каранфилова Пановска даде силна поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Стефан Радиноски, како и за советничката листа.

„Нашиот иден градоначалник Стефан Радиноски е човек со големо срце, со визија и амбиција за промена. Проектите во неговата програма јасно кажуваат дека Вевчани може и мора да оди напред,“ истакна заменик-претседателката.

На крајот, таа упати повик:

„На 19 октомври сите заедно да излеземе и да гласаме за број 5 – за нашата иднина, за нашите деца, за Вевчани! За Стефан Радиноски за градоначалник и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата. Заедно се бориме за нашиот дом – за Вевчани, за Македонија, за сите нас!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“).

Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор.

Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција.

Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала.

Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите

Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.

Во Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите

Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr.

Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври.

Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири.

Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. 

Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

" Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.

Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час.

Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер