МакедонијаКаранфилова Пановска: Далибор Трајковски е гаранција дека Старо Нагоричане ќе продолжи со развој и грижа за секој граѓанинЗаменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска од граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Старо Нагоричане истакна дека од 2017 до денес Старо Нагоричане, раководено од СДСМ е симбол на одговорно, чесно и домаќинско управување.„Нашиот кандидат за Градоначалник, Далибор Трајковски и тимот околу него, заедно со советничката листа предводена од Иван Марковиќ, се наследници на тој дух на работа, чесност и посветеност. Тие се гаранција дека овој пат ќе продолжи – со нова енергија, со идеи и со истата грижа за секој граѓанин“, нагласи Каранфилова Пановска. Таа ги повика граѓаните на 19-ти октовмри, да гласаат за бројот 5, за Далибор, за Иван, за Старо Нагоричане, за иднина на Македонија со СДСМ и Коалицијата. „Затоа што ова не се само избори за општина – ова е избор за тоа каква држава ќе бидеме. Изборот е меѓу лаги и чесност, меѓу режим и слобода“, порача Каранфилова Пановска. Во своето обраќање пред граѓаните на Старо Нагоричане, Каранфилова-Пановска се осврна на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговите послушници на централно ниво. „Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот. Пензионерите ги оштетија со формули и помпезни ветувања. Работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без субвенции. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Ја задолжија државата како никогаш досега, унгарски кредит, британско партнерство, 7 милијарди евра. За граѓаните нема ништо, ама граѓаните ќе мора да враќаат нивните бескорисни кредити“, нагласи Каранфилова Пановска на граѓаниот собир во Старо Нагоричане.Тагови: Каранфилова Пановска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34