Карамбол во Германија: Кампер удри во колона возила на автопат - 34 повредени, меѓу кои и деца - Канал 5

Карамбол во Германија: Кампер удри во колона возила на автопат - 34 повредени, меѓу кои и деца

Вкупно 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа на повеќе возила на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако кампер-комбе не застана во сообраќаен метеж, соопшти полицијата.

Карамбол во Германија: Кампер удри во колона возила на автопат - 34 повредени, меѓу кои и деца

Сите повредени имаат полесни до умерени повреди и ничиј живот не е во опасност, изјави портпаролот на полицијата.

Камперот се судри со неколку возила

Полицијата соопшти дека возачот на камперот, кој превезувал две деца, не го забележал запирањето на сообраќајот и се судрил со неколку возила. Девет возила беа оштетени, вклучувајќи два минибуса што превезуваа 11 деца со големи потреби за поддршка и осум старатели.

Автопатот беше затворен повеќе од пет часа

Автопатот кон Берлин беше затворен околу пет и пол часа додека службите за итни случаи пружија помош и ги отстранија возилата од местото на несреќата. Полицијата ја процени штетата на околу 350 илјади евра.

Сообраќајниот метеж беше предизвикан од претходна несреќа во која беше вклучена превртена приколка за коњи, соопшти полицијата. Автопатот беше затворен во двата правци по таа несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности:

„Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните.

Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори.

Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.

Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Во петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска Коневска

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. корнфлекс од какао

250 гр. маргарин

200 гр. чоколадо за готвење

150 гр. шеќер во прав

150 гр. сусам

150 гр. сецкани ореви

8 големи лажици мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво.

Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер