Каракачанов: Името Северна Македонија содржи сегашни територии на Бугарија

Г-дин Заев, не го злоупотребувајте македонскиот јазик. Ова може да Ве чини членството во ЕУ и НАТО.

Ова му порача министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов на премиерот Зоран Заев пренесуваат бугарските медиуми.

„Нема да ги дозволиме компромисите што се прават со Бугараската историја“, истакна Каракачанов во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев пред македонскиот парламент во која тој ја прифаќа сугестијата дека договорот со Грција, познат како Преспански договор, го идентификува присуството на македонскиот јазик и никој нема право да противречи.

„Северна Македонија е географска ознака, што вклучува и сегашни територии од Република Бугарија. Г-дин Заев со овој распон утре може да побара, целосно идентичен бугарски дијалект да се учи како официјален странски јазик и кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација ", рече Каракачанов.

Каракачанов сака "Анекс кон Договорот за добрососедство, . Размени со историјата како што вели нема да допушти".

Во исто време, тој истакна дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања "оди во насока која дефинитивно не е во корист на историската вистина".

Тој изразува загриженост и од фактот дека и година и половина по потпишаниот договор за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија уште не е рализиран "листа со учебници, повторно од македонска страна, во кои наводно содржат" националистички "," реваншистки " "авторитарни" сугестии, кои ", биле против интересите на македонското општество ".

Свое излагање во бугарскиот парламент за Македонија и Преспанскиот договор со посмирен тон имаше и Екатерина Захариева министерката за надворешно работи .

Таа рече дека за Бугарија беше важно вклучувањето на член кој забранува мешање во внатрешните работи и недостаток на прекин на секакви претензии .

Ние немаме комплекс од нашата историја. Ние сме горди на тоа. Бугарскиот интерес е да ја раскаже приказната за она што се случило. Ако сакаме да гледаме напред во иднината, треба да признаеме општото минато и да гледаме напред, учејќи нашите млади луѓе на вистината, па да не се создаваат 75 години повеќе поттикнување омраза ".

Изјавата на премиерот Зоран Заев за можноста да се изучува македонскиот јазик во Северна Грција во изминатите неколку дена предизвика бурни реакции и во Атина каде реагираа дел од власта и од опозицијата .

Boston Dynamics има нов хуманоиден робот, објавија снимка од неговите можности (ВИДЕО)

Boston Dynamics лансираше нова, електрична верзија на својот хуманоиден робот Atlas, откако најавија повлекување на хидрауличниот модел.

Во објавеното видео, новиот Atlas се преклопува за да се крене од лежечка положба пред да зачекори кон камерата и да ја сврти главата. Екстремитетите, торзото и главата на роботот можат да ротираат за 360 степени, давајќи му на Атлас широк опсег на движења.

Компанијата соопшти дека нејзината електрична верзија на Atlas е посилна, со поголем опсег на движење од претходните генерации и дека се движи на начини кои „ги надминуваат човечките можности“.

„Ја дизајниравме електричната верзија на Atlas да биде посилна, попргава и поагилна“, се вели во блогот на компанијата. „Градиме робот кој ќе се движи на најефикасен можен начин за да ја заврши задачата, наместо да биде ограничен од опсегот на движење на човекот“, пишуваат тие.

Hyundai, кој го купи Boston Dynamics во 2021 година, планира да користи хуманоидни роботи во своите фабрики. Новите производствени капацитети треба да послужат како полигон за тестирање на можностите на Atlas, објави корејската компанија.

Boston Dynamics објави и проштално видео од пензионираната хидраулична верзија на роботот.

„Речиси една деценија, Atlas ја поттикна нашата имагинација, инспирираше нови генерации роботичари и ги прескокна пречките на теренот. Сега е време нашиот хидрауличен робот Atlas да седне и да се опушти“, пишува Boston Dynamics.

Туск: Ќе изградиме барикади на источната граница

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска почнува да работи на дополнително зајакнување на целата источна граница, во време кога земјата се соочува со, како што рече, сè помоќна „хибридна војна“ поради илегалните мигранти од Белорусија.

Туск не даде детали за планираните активности или средствата што ќе бидат наменети за нив, но рече дека кога безбедноста на Полска е во прашање, „нема да има ограничувања“.

„Полско-белоруската граница е уникатно место поради притисокот на илегалните мигранти. Всушност, имаме работа со растечка хибридна војна“, рече премиерот при обиколката на границата каде што се сретна со војници и граничари. „Сакам да нема сомнежи овде - земја која покажува сè поагресивни намери кон Полска, како Белорусија, е коорганизатор на оваа практика на полската граница.“

Во 2021 година, претходната полска влада и Европската унија ја обвинија Белорусија дека го организира протокот на мигранти за да изврши притисок врз ЕУ поради санкциите наметнати од европската институција кон Минск, но Белорусија ги отфрли обвинувањата.

Оттогаш продолжуваат обидите за преминување на границата, а бројките варираат со текот на времето. Полските граничари велат дека секојдневно евидентираат околу 300 обиди за илегално преминување на границата. Заладените односи меѓу соседните земји дополнително се влошија по инвазијата на Украина од страна на белорускиот сојузник Русија.

Претходната полска влада подигна ограда на полско-белоруската граница, долга повеќе од 180 километри и висока пет и пол метри, во обид да се заштити од илегалните мигранти. После тоа, беше инсталиран систем на камери и сензори кои ја надгледуваат границата.

Туск рече дека новите утврдувања ќе бидат поставени долж „целата источна граница“, но не даде детали.

„Тоа не е само внатрешната граница на Полска, туку и границата на ЕУ. Затоа, не се сомневам дека цела Европа ќе мора да инвестира во сопствената безбедност, инвестирајќи во источната граница на Полска и во безбедноста на нашата заедничка граница“, рече Туск.

Навивачите на Баер бесплатно добиваат посебни шампионски тетоважи

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула.

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула, но се уште имаат шанса за тројната круна бидејќи играат со Кајзерслаутерн во финалето на купот и со Аталанта во Лигата на Европа во финалето во Даблин на 22 мај.

Со ремито 2:2 против Рома, со кое ја потврдија победата од 2:0 од првата полуфинална средба, фармацевтите ја продолжија серијата без пораз на 49 натпревари оваа сезона и го соборија повеќедеценискиот европски рекорд на Бенфика, поставен помеѓу 1963 и 1965 година.

Баер ги опиша тетоважите како „специјална промоција на крајот на посебната сезона“ и им понуди на фановите да изберат една од многуте тетоважи со клупска тема и да закажат состанок за бесплатно да добијат нова декорација за својата кожа.

притисни ентер