Карабатиќ потпиша за Барселона - Канал 5

Карабатиќ потпиша за Барселона

Еден од најдобрите ракометари на светот во последната деценија Французинот, Никола Карабатиќ е нов член на најтрофејниот тим во Лигата на шампионите шпанскиот великан Барселона.

Карабатиќ потпиша за Барселона
Карабатиќ по кратката одисеја во ПСЖ одлучи да ја напушти Франција и да ја засили Барселона.

Никола Карабатиќ сигурно уште долго ќе ја памети минатата сезона, секако поради аферата со обложување. Како член на Монтпеље Никола Карабатиќ беше откриено дека се обложил на пораз на својот тогашен клуб во натпревар од француското првенство против Кесона. Иако Карабатиќ не настапил на тој меч против него и против уште пет ракометари е подигнато обвинение за местење на натпревар. Поради оваа афера Никола Карабатиќ доби отказ во Монпеље , по кои мина неколку месеци во редовите на ПСЖ.

Барселона ќе биде четвртиот клуб за Никола Карабатиќ, досега во кариерата извонредниот лев бек играше во Монтпеље, ПСЖ и Кил.
Со Кил и Монтпеље Карабатиќ беше победник на Лигата на шампоните,со Кил има и четири шампионски круни во Германија, а со Монтпеље бил шест пати првак на Франција.

Никола Карабатиќ има и импозантна кариера во репрезентативниот дрес на Франција и освои две златни медали од Олимписките игри (2008 ,2012) , светско злато во 2009 и две бронзени медали, титулата европски шампион ја освои во 2006 и 2010 ,од евро- шампионатите има и бронзен медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна снег на Пелистер

Првиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер.

Падна снег на Пелистер

Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка.

Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина говорот пред генералното собрание на ОН  поради сопругата Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Ги изненади сите на Генералното собрание на ОН, по што следуваше аплауз.

За време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп направи кратка пауза и јавно ѝ се заблагодари на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината хуманитарна работа, а потоа низ шега праша каде таа седи.

Трамп погледна низ салата и праша: „Каде е нашата прва дама? Таа е некаде овде.“ Откако накратко ја побара со поглед, американскиот претседател ѝ се заблагодари на првата дама и рече дека таа „напорно работела“, што беше проследено со аплауз и насмевки од присутните.

На видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како Меланија се смешка и мавта. Американскиот претседател ја пофали првата дама на САД за нејзината улога во глобалната дипломатија, истакнувајќи го нејзиниот настап претходно оваа година пред Советот за безбедност на ОН.

Трамп изјави дека таа станала првата прва дама на САД што претседавала со седница на Советот за безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија

Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи, синоќа бил приведен на Граничниот премин Блаце при влез од Косово во Македонија, а по разговор и испрашување од полицијата бил пуштен на слобода.

Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија

Пушкољи бил приведен врз основа на потерница издадена од Србија, а за приведувањето информираше и самиот Пушкољи преку својот профил на фејсбук. Тој тврдеше дека постапката против него била поврзана со неговото поранешно членство во ОВК и побара реакција и помош од институциите во Косово.

Неколку часа подоцна Пушкољи повторно се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека е пуштен на слобода по извршениот разговор и испрашувањето од македонската полиција.засега нема јавно објавено официјално соопштение од македонските надлежни институции со повеќе детали за правната основа за неговото приведување и причините поради кои потоа бил пуштен на слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер