КошаркаКапитенот Војдан Стојановски и Нено Димитријевиќ им се приклучија на подготовките Капитенот Војдан Стојановски и интернационалецот Ненад Димитријевиќ од синоќа им се приклучија на подготовките на националниот тим.Освен носителите на играта, на тренинг во СРЦ „Кале“ и некои млади репрезентативци. Почетокот на втората работна недела од подготовките донесе доста нови, и добри моменти за нашиот машки сениорски национален тим. На тренингот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје и капитенот на нашата сениорска репрезентација, Војдан Стојановски, како и повратникот помеѓу „црвено-жолтите“, Ненад Димитријевиќ. За многу подобро расположение во стручниот штаб предводен од селекторот Александар Јончевски, а кое се очекува да биде на уште повисоко ниво, ако се земе в предвид дека во Скопје треба да пристигне и Ти-Џеј Шортс, уште еден од нашите големи адути во пресрет на главните активности ова лето – претквалификациите за Олимписките Игри во Париз кои нашата најдобра селекција ќе ги игра во Талин односно, или евентуално оној втор круг, во Гљивице. Сепак, за да не биде се баш идеално, барем во овој момент, е информацијата која вели дека на повреда на ногата се пожали Виктор Ефремоски. Поради неизвесноста која со себе го носи овој нов момент, селекторот Јончевски се одлучи во работата со националниот тим да го приклучи Марко Миловановиќ, дел од генерацијата на играчи родени 2002 година, во која е и Андреј Андоноски, кој е исто присутен на подготовките за турнирот во Талин. Но Миловановиќ и Андоноски не се и единствените од таа „млада гарда“, ако се земе в предвид дека првиот дел од подготовките ги одработува и Петар Бошалески, член на селекцијата „Под 20“ години која пред неполн месец се избори за второто место, и пласман во „А“ Дивизијата на првенството одржано во Скопје. Освен тоа, во тренажен процес одново е и Теодор Симиќ, кој ги надмина здравствените проблеми, па во овој момент Јончевски и неговите асистенти Василев и Велев, сметаат на вкупно 11. кошаркари, кои и, многу извесно, ќе го пополнат и ростерот за натпреварите во Талин, каде за противници ги имаме репрезентациите на Чешка, Израел и Естонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаШокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничкаСе обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел. Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“. 🔵#Roma Un 13enne ha accoltellato una insegnante, dopo averle spruzzato uno spray urticante. Il ragazzino avrebbe tentato di filmare la scena attraverso una videochiamata in diretta. A fermare l’aggressione un compagno di classe. pic.twitter.com/yXVh1Ab4d0 — Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 18, 2026 Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“. Според изворите, друг ученик го спречил нападот. Извор: Б92Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед. Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош. Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите. Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Забава„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерацииПо досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации. Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници. Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот. Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот. Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации. Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook