Капитенот на Вардар, Стоилов ветува голема борба - Канал 5

Капитенот на Вардар, Стоилов ветува голема борба

Во името на сите ракометари, капитенот на Вардар Стојанче Стоилов вети голема борба на првиот „фајнал фор“ турнир за него и за повеќето играчи на македонскиот првак.

Капитенот на Вардар, Стоилов ветува голема борба

- Одбраната секогаш е првиот предуслов за триумф на еден натпревар, Ако имаш добра одбрана полесно се игра во напад. Подготвени сме, иако сме дебитанти. Тоа не значи ништо. Сите четири екипи има еднакви шанси за триумф тука. Се надевам ќе имаме повеќе среќа од девојките. Чекавме неколку години да дојдеме тука, Знаеме што значи тоа. Дојдени сме со цел и се надевам ќе ја заокружиме таа цел, вели Стоилов.

Во полуфиналето противник на Вардар е еден од најуспешните светски тимови во ракомет. Барселона има осум европски титули зад себе.

- Знаеме кој е нашиот ривал, еден од најдобрите клубови, клуб со историја. Тоа тука не значи ништо, еден меч е тоа. Најважно е да бидеме мотивирани. И кој ќе биде помотивиран ќе победи. Тие се поискусни од нас, ние имаме дебитанти во тимот, но и оние што играле досега тука. На нив останува да не понесат и да ни дадат совети. Можам да ветам борба, тоа ни останува. Да покажеме образ и дека заслужуваме да бидеме тука, и ова ќе биде континуитет за нас во иднина, додаде Стоилов.

Полуфиналето од ЛШ меѓу Вардар и Барселона е закажано за утре со почеток во 18 часот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дисонантни тонови во ЕУ околу обидот на Кошта да отвори дипломатски канали кон Москва

Неусогласени тонови во Европската Унија околу Москва. 

Дисонантни тонови во ЕУ околу обидот на Кошта да отвори дипломатски канали кон Москва

Обидот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, да отвори дипломатски канали, во контекст на можни мировни преговори, предизвикал серија различни реакциии меѓу лидерите на ЕУ на самиот во Брисел.

Според извори од германската влада потегот на Кошта вил оценет како навреда, и како некоординиран непрофеслионален. Дел од лидерите инаку, предупредиле дека се уште не е време за разговори со Москва, други ја поздравиле иницијативата. Роб Јетен премиерот на Холандија изјави дека не ја виделе вистинската подготвеност на Путин да се вклучи во сериозни преговори. Шпанскиот премиер Санчез пак изјави дека Мардид бил подготвен да даде поддршка на сите иницијативи кои би довеле до мир и крај на војната во Украина. Канцлеарот на Австрија Кристијан Штокер ја нагласил важноста на дијалогот. Сепак, функционер на ЕУ потврдил дека во последните недели имало контакти на дипломатско ниво за воспоставување комуникација со Москва, но дека вистински преговори не се случиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две девојчиња се удавија во летувалиште во Албанија

Голема трагедија се случи на плажата Тале, во близина на Лежа во Албанија, каде што две малолетни девојчиња го загубија животот откако се удавија во морето.

Две девојчиња се удавија во летувалиште во Албанија

Според прелиминарните информации, жртвите, на возраст од 11 и 13 години, биле во ненадгледуван дел од плажата, без присуство на обезбедување или спасувачи.

Се сомнева дека девојчињата влегле во водата и не можеле да излезат.

Нивните тела биле извлечени од морето и испратени во мртовечницата на Регионалната болница во Лежа за понатамошна обработка.

Во меѓувреме, полицијата пристигнала на местото на настанот за целосно да ги разјасни причините и околностите на овој трагичен настан, објавува Indexonline.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадона откри како ги избирала момчињата- нејзиниот критериум е тотален хит

Мадона наводно ги оценувала своите момчиња според еден, малку необичен критериум - распоредот во бањата.

Мадона откри како ги избирала момчињата- нејзиниот критериум е тотален хит

Кралицата на поп-музиката признала дека во текот на 80-тите, кога била дел од њујоршката клупска сцена, ги прашувала потенцијалните момчиња дали имаат када и туш што може да ги користи.

„Излегував со момци во зависност од тоа дали имаат када и туш што може да ги користам“, се смееше 67-годишната Мадона како гостин во емисијата Rent Free. „Јас велев: „Добро, каде живееш?“, а тие велеа: „На Горен Вест Сајд“. И јас прашував: „Дали имаш када?“ Тоа беше голем плус за мене.“

Но, тоа не беше единствената „погодност“ што поп-ѕвездата ја бараше кај мажите со кои се гледаше. „Одев кај тоа момче или потенцијално момче и само се бањав или се туширав“, објасни Мадона со смеа. „И јадев храна од неговата мајка!“

Таа има 29-годишно момче

Добитничката на седум Греми награди има импресивен список на партнери зад себе, вклучувајќи ги Тупак Шакур, Ворен Бити и поранешниот сопруг Гај Ричи, со кого ги има синовите Роко (25) и Дејвид Банда (20). Пејачката е исто така мајка на ќерката Лурд (29), која ја има со Карлос Леон, и Мерси (20) и близнаците Стела и Естера (13). Денес, се чини дека ги оставила тие навики зад себе и е во стабилна врска со Акем Морис.

Иако врската со својот 29-годишен партнер ја држи претежно приватна, повремено споделува детали од нивниот секојдневен живот. „Со години сакав да ја гледам коњската трка Палио во Сиена, која се одржува на мојот роденден од 1482 година!“, напиша таа покрај видео со Морис за време на прославата на роденденот во 2025 година во Италија. „Не можам да опишам колку е возбудливо и посебно ова искуство!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер