Капитенот на турската ракометна репрезентација и неговиот син се најдени мртви под урнатините - Канал 5

Капитенот на турската ракометна репрезентација и неговиот син се најдени мртви под урнатините

Капитенот на турската ракометна репрезентација Џемал Кутахја (32) и неговиот син Чинар (6) загинаа во разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, потврди Турската ракометна федерација (ТХФ).

Капитенот на турската ракометна репрезентација и неговиот син се најдени мртви под урнатините

„Со длабока тага дојде веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахи, капитен на машката ракометна репрезентација и неговиот син Чинар, кои беа затрупани под урнатините на куќата во која живееја во Антакија.

Се огласи и Угур Килик, претседателот на Турскиот ракометен сојуз: „Џемал Кутахја беше човек и спортист со големо срце и капитен во вистинска смисла на зборот. Го прегрна својот син, отиде во рајот. Сè уште не ги најдовме сопругата и тештата на Џемал. Работиме на тоа“.

Два разорни земјотреси од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија Турција и Сирија минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Косово

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово.  

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Косово

На средбата, обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот.

Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на парламентарните избори во Косово. 

Таа изрази поддршка на евроатлантските аспирации на Косово и подготвеност за споделување на македонските искуства и експертиза.

Претседателката истакна дека ќе продолжиме да ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО, како и аспирациите на Косово за членство во регионалните и меѓународните организации и иницијативи.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од успешната примена на „Едношалтерскиот систем“ на граничните премини Блаце и Јажинце.

Според неа, потребно е поголемо искористување на европските фондови за модернизација на граничната инфраструктура и отворање нови гранични премини.

Во однос на безбедносните прашања, Сиљановска-Давкова ја реафирмираше поддршката на дијалогот Приштина - Белград, со посредство на Европската Унија.

Според неа, ваквиот пристап и помирувањето претставуваат единствен одржлив пат кон стабилност, безбедност и соработка во Западен Балкан.

Обете се согласија дека македонско-косовската економска соработка бележи континуиран напредок, а Косово останува еден од нашите најзначајни трговски партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 10.06.2026 во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.(45) со кого биле во бракоразводна постапка.

Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 08.06.2026 во 20:04 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријави дека на 08.06.2026 на подрачјето на општина Аеродром неговата поранешна сопруга Е.А. физички ги нападнала нивните две малолетни лица и него, при што употребила и тврд предмет.

На 09.06.2026 во 15:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 35-годишна поранешна партнерка.

На 09.06.2026 во 22:00 часот во СВР Штип, 57-годишна жена од Штип пријави дека нејзиниот поранешен партнер А.М.(48) од демиркаписко село ѝ се јавил телефонски и ѝ упатил закани нејзе и на нејзиното семејство. За настанот е запознаен јавен обвинител и претставник на Центарот за социјални работи Штип.

На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, а детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово.

На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, 38-годишна жена од Република Албанија, со привремен престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот сопруг Ј.М.(48) од гостиварско, со кого се во бракоразводна постапка, со месеци не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел.

На 09.06.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки. Тој бил задржан во полициска станица и бил известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило

21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол.

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол.

Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер