Капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар успешно го реши проблемот со носот

Капитенот на РК „Вардар", македонскиот  репрезентативец Стојанче Стоилов заминува дома по хируршката интервенција на носот во „Аџибадем Систина". 

Станува збор за рутинска операција на искривување на носната преграда, која ја изведе д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог.

„Операцијата беше неопходна кај Стоилов поради проблемите со дишењето на нос, имаше искривена носна преграда од десната страна која комплетно го затнуваше десниот носен ходник. Оваа состојба му правеше проблем бидејќи е професионален спортист, му го нарушуваше дишењето на нос, а тоа влијае и на физичката кондиција. Операцијата помина во најдобар ред, за 10 дена го очекувам на контрола. По интервенцијата, Стоилов ќе има многу полесно дишење на нос и, што е најважно, многу повеќе физичка кондиција", вели д-р Лазаревски.

Васев: ВМРО-ДПМНЕ дејствува опасно по јавното здравје

Очајниот губитник Христијан Мицкоски продолжува со неодговорно, незрело однесување, опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните.

Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел - спас на неговата фотелја во белиот дворец.

Дефилето со луксузни автомобили за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип.

Поучени од претходните вакви таканаречени протести со автомобили, ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М" да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили.

Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место.

Почитувани,

Во време кога се соочуваме со есенскиот бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје.

Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а надвор одржуваат јавни собири на кои редовно се прекршуваат мерките за заштита од КОВИД 19. Класично деструктивно дејствување на губитник Мицкоски.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски. Оваа партија знае само да брани криминал и да се обидува да го поткопува здравствениот систем.

За нив, личниот и партискиот интерес е далеку пред интересот и здравјето на граѓаните. Затоа губат три пати на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму.

Стефан Васев од СДСМ

Фолксваген го претстави Голф „TGI“ со 130 коњски сили

Најекономичниот нов Фолксваген кој Европејците можат да го купат е „TGI“. Тој користи компресиран природен гас, односно „CNG“.

Фолксваген групацијата има голем број модели на гас кои ги произведуваат Шкода, Ауди и Сеат, а сега претстави и сопствен автомобил со погон на природен гас, а технологијата е позајмена од новата Шкофа Октавија „G-Tec“.

Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 1.5 литарски турбо-бензин мотор кој развива 131 коњски сили, што значи дека во себе има четирицилендерски мотор како кај неодамна претставениот Ауди „A3 G-Tron“ модел.

Ова не е класичен мотор со директно вбризгување на горивото, туку ова е мотор кој Милер систем на согорување, заради што често се применува кај автомобили кои користат природен гас.

Процесот создава ниска емисија на CO2 и има висока ефикасност, а резервоарот има 115 литри „CNG“, природен гас и со таа количина може да помине околу 400 километри.

Фолксваген веќе прима нарачки, а најавена е и караван изведба.

МВР: Над 80 санкции за еден час во Кочани и Виница

Над 14.000 за помалку од месец во државата.

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кочани и Виница, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кочани.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кочани и Виница да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Кочани и Виница се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кочани и Виница ќе бидат презентирани утре, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер