Капитенот Лазаров најавува дека ќе одат на победа против Полска - Канал 5

Капитенот Лазаров најавува дека ќе одат на победа против Полска

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров најавува дека ќе одат на победа во дуелот против домаќинот Полска во првиот меч од квалификациите за Олимписките игри во Рио летово.

Капитенот Лазаров најавува дека ќе одат на победа против Полска
- Нема да калкулираме на ниту еден од трите натпревари. Иако, сме фокусирани на вториот натпревар против Тунис, сепак тоа не значи дека ќе се предадеме на вечерашниот натпревар со Полска. Напротив, го респектираме противникот, но и на денешниот натпревар влегуваме со 100% и одиме на победа, изјави Лазаров.

Покрај поддршката од 10-илјадната публика која полските ракометари ќе ја имаат во овој меч, Лазаров смета дека предноста на Полјаците е и нивната воиграност, како и новиот селектор Таланд Душебаев, кој одлично ги познава сите поединци.

- Знаеме дека по Европското првенство во јануари, на чело на Полска дојде Талант Душебаев. Тоа е нивна предност. Тој одлично ги познава сите нив, а пред се поради фактот што речиси 70-80% од ракометарите доаѓаат од екипата на Киелце каде тренер е токму Душебаев. Едноставно, тие се заедно не само на подготовките туку цела сезона, додаде капитенот.

Лазаров, кој е предводник на оваа генерација потенцира дека во нашата репрезентација владее максимална мобилизираност и огромна желба за успех, а што е најважно и квалитет, кој според него, е пресуден да се оствари целта, пласман на Олимпијадата во Рио.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

СДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!

Што славеа, труењето на граѓаните?

Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам.

Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава.

Тоа е вистинското лице на оваа криминалната власт.

ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница.

И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот.

Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно:

Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар?

Зошто документите се кријат од јавноста?

Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење?

Криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните.

Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно.

Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени?

Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа.

Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода.

Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема.

Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема.

Само изјави, контрадикторни информации и „чувства“.

Граѓаните на Гостивар не бараат славење, партиски прослави и здравици.

Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност.

Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар.

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интер бара ново засилување во Ангалија

Италијанскиот фудбалски шампион Интер продолжува со „шопинг“ во Англија. 

Интер бара ново засилување во Ангалија

Откако ова лето го ангажираше централниот дефанзивец Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити како слободен играч и му плати 30 милиони евра на Тотенхем за десниот бек Џед Спенс (26), италијанскиот тим кој ја освои двојната круна тргнува по уште еден Англичанец.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе понуди 30 милиони евра за играчот за врска на Ливерпул, Кертис Џонс (25) – сума за која се очекува да биде доволна, со оглед на тоа што договорот на Џонс истекува следното лето. Џонс има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 гола и забележал 25 асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“

Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.

Средно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“

Средното училиште Heilige-Drievuldigheids college (HDC)“ во Лувен воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“, во кој припадниците на белгиската војска и локалната полиција ќе ги учат учениците за геополитика, заштита на податоци, радикализација и конфликт.

Курсот, кој ќе биде воведен во септември, ќе го посетуваат студенти од трета година по спортски науки еднаш неделно, а „HDC“ ќе биде првото училиште во Белгија што ќе воведе таква програма, објави „VRT“.

Директорот на училиштето, Франк Бајенс, рече дека целта е учениците подобро да ги разберат безбедносните прашања и да ја развијат способноста да формираат свои мислења, наместо да ги подготвуваат за кариера во војската.

Покрај геополитиката и радикализацијата, лекциите ќе опфаќаат превенција, право, етика и заштита на податоци.

Учениците нема да учат како да ракуваат со оружје или самоодбрана како дел од курсот.

Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.

Директорот рече дека учениците генерално позитивно реагирале на новиот предмет, но дека некои родители изразиле загриженост за можното поттикнување на „воена реторика“. Бејнс одговори дека целта е токму спротивна - учениците да можат да формираат свои мислења преку познавање на безбедносните прашања.

Фото: ВИ

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер