3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ЗдравјеКапацитетот на модуларниот ковид центар во Кичево речиси целосно исполнет Со порастот на бројот на новозаболени од Ковид-19 изминатите десетина дена, се зголеми и бројот на хоспитализирани во модуларниот ковид центар во Кичево. Ако и наредните денови продолжи нагорниот тренд, треба да се очекува неговиот капацитет да биде целосно пополнет или да бида згрижени вкупно 45 пациенти. -Со појавата на британскиот сој на коронавирусот, бројот на новозаболени од Ковид-19 во нашата општина е секојдневно во пораст. Така денес во модуларниот ковид центар имаме згрижено 40 пациенти, од кои над 60 отсто се на кислородна подршка, а двајца од нив се во исклучително тешка и животозагрозувачка состојба, вели Др.Балажи Балажи најави дека повторно ќе биде отворен и делот од интерното одделение кој претходно служеше за оваа намена, ако продолжи овој тренд на брзо зголемување на хоспитализираните -Бидејќи во модуларниот ковид центар имаме само пет слободни места, лесно може да се случи целокупниот капацитет да се пополни до средината на оваа недела. За да можеме да ги прифатиме новозаболените, ние го подготвивме и делот од интерното одделение каде претходно беа згрижени заболените од Ковид-19 пред отворањето на модуларниот ковид центар и каде во ист момент можат да се згрижат околу 30 пациенти. Покрај просторните услови, ние веќе подготвиме и екипи кои би работеле во овој оддел, без да се наруши лекувањето на останатите кои се во модуларниот ковид центар, додава Балажи и потсети дека вакцинацијата тече според планираната динамика и во 95 отсто случаи од пријавените ја примиле вакцината на Астра Зенека и одзивот на граѓаните е повеќе од задоволителен. Тој појасни дека од денешните 27 тестирани граѓани , 11 биле позитивни што е далеку под бројките од претходна недела, кога процентуалната застапеност на инфицирани од тестираните изнесуваше над 60 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter