Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
1Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
2ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
3СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог
РакометКањељас за „Марка“: Вардар ни должи париРакометарот на Вардар, Жоан Кањељас во изјава за шпанска „Марка“ потврди дека тимот им доцни со плати и дека постојано им велат дека парите ќе ги добијат, но тоа се уште не се случило. Се очекува Вардар од другата сезона да претрпи промени во играчкиот кадар. Прведводничките на женскиот тим веќе почнаа да го напуштаат тимот, откако за последно Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ објавија дека потпишуваат со ЧСМ Букурешт, а неколку звучни имиња веќе го напуштија и актуелниот европски шампион. Дека не е се розево во „црвено-црниот“ табор, јавно кажа Жоан Кањељас кој на шпанските медиуми им се пожали дека клубот им должи пари. - Веќе некое време ни велат дека ќе ни биде исплатено се што ни должат, но тој ден никако да дојде. Му веруваме на претседателот, кој ни рече дека до крајот на овој месец се ќе ни биде исплатено или барам поголемиот дел од тоа што ни го должи, изјави Кањељас за „Марка“. Кањељас има договор со Вардар до 2019 година, но ни тој самиот незнае дали и следната сезона ќе остане во Скопје. - Иако тука се чувствувам прекрасно, морам да барам План Б. Што побрзо го направам тоа, толку подобро. Се обидуваме да не размислуваме на тоа, но како што одминува времето, така проблемите се зголемуваат. Моето семејство е тука со мене поради мојата работа. Па ако ако нешто не се исполнува, тогаш нема никаква смисла, вели шпанскиот ракометар за весникот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој преминИва Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија.Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи објави бугарската БТВ., Михаилова изјави дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми вели таа и додава дека на границата ја покажала македонска лична карта. Таа меѓу другото изјави дека се чувствува безбедно во Бугарија , а се жалеше дека во Македонија била репресирана поради бугарското потекло и според неа тоа било и една од причините зошто била обвинета “,вели Михаилова за БТВ. На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.Нејзиниот адвокат одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале. Во меѓувреме, од бугарското министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.Се уште нема информација и од македонското мвр како Ива Михаилова ја преминала границата со оглед на тоа што ѝ се одземени личните документи, како и преку кој граничен премин ја напуштила државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Акал ќебапВо понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино ВеличковскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. јагнешки мозок 500 гр. јагнешко месо 500 гр. јагнешка марамица 1 главица кромид 1 чешне лук масло сол, шарена сол и др. зачини по избор Бешамел сос за премачкување Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
НБАВидео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минутиЕден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции. Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди. Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен. COACH JOKER 🃏 After dropping a triple-double in 3 quarters of play (22p, 11r, 10a), Nikola Jokić remained locked in on the bench to help guide his team down the stretch! The @nuggets pick up the preseason win 👏 https://t.co/HIVQcapvsE — NBA (@NBA) October 12, 2026 Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле. Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата. Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона. Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00