Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
1Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
ЗабаваКанје Вест ѝ забрани на Бјанка да зборува- добила список што смее да јаде и како да се облекуваКанје Вест ѝ дал нови упатства на својата партнерка Бјанка Ценсори „никогаш да не зборува“ и ѝ дал список на правила по кои треба да живее.Ова важи за сите аспекти од животот, па дури и за одредени намирници што смее да ги јаде и што може да носи, тврди изворот, пренесува „Дејли мејл“. Веста доаѓа во услови на постојани стравувања од обожавателите дека раперот манипулира со својата таканаречена „сопруга“. Изворот вели и дека Бјанка повеќе нема свое мислење и наместо тоа едноставно ги слуша наредбите на раперот, а тој наводно ја убедувал дека имаат „кралски статус“. Покрај тоа што мора да молчи, неговата партнерка мора да внимава и што носи, односно не смее да се појавува во јавноста во стајлинг без негово одобрение. Исто така, таа мора редовно да тренира и да ја одржува фигурата, иако самиот Канје тоа не го практикува. Да потсетиме, раперот неодамна направи скандал во Венеција, поради што доби доживотна забрана да се вози во чамец откако го покажа задникот. Бродот им го изнајмила фирмата „Венезија туризмо мотоскафи“, од која соопштиле дека парот повеќе не е добредојден на ниту еден од нивните чамци. Како што изјавија, не знаеле за „инцидентот“ додека не ги виделе фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи и медиумите. - Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не ги виде тие работи. Да ги видеше, веднаш ќе ги истовареше и ќе ги пријавеше кај надлежните - рекоа тие. Тие за инцидентот обвинија трето лице кое било на бродот со Бјанка и Канје, а кое според нивните тврдења го блокирало погледот на тој дел од бродот. Инаку, на многумина целата оваа приказна им е смешна и неверојатна, бидејќи сите се согласуваат дека Канје не го покажал намерно задникот, туку дека панталоните му паднале додека се наведнувал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЕвропаГерманските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“. Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина. Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.Тагови: аеродромот лајпциг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијатаТој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина. Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“. Не зборува италијански „Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања. Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна. Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат. Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор. „Целиот случај е необичен“ „Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт. Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки. „Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник. Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат. „Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.Тагови: куфер пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното мореТурските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи. Тагови: Мраморното море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00