Канје Вест должи 53 милиони долари, го моли Цукерберг да му даде милијарда! - Канал 5

Канје Вест должи 53 милиони долари, го моли Цукерберг да му даде милијарда!

Тој е еден од најуспешните во светот на музиката. Неговото богатство се проценува на 100 милиони долари, сопругата Ким на тоа додава 50-тина милиони. Сепак, неговиот твит од викендов открива поинаква слика.

Канје Вест должи 53 милиони долари, го моли Цукерберг да му даде милијарда!
Канје признава дека има 53 милиони долари личен долг. Молете се да го надминеме ова - пишува Канје.

0214-kanye-west-debt-tweet-TMZ-01

Тој понатаму бара од основачот на Фејсбук Цукерберг да му даде милијарда долари за да го направи светот „поубаво емсто за живеење“.

- Марк Цукерберг инвестирај милијарда долари во идеите на Канје Вест, откако сфаќаш дека тој е најголемиот жив уметник на денешницата и најголемиот уметник во светот воопшто! - гласи твитот на Канје.

На ова поранешниот вработен како софтвер инженер во Фејсбук, Стивен Грим , му одговори на Канје:




Mark Zuckerberg responds to Kanye West's tweets on Facebook

- Канје, ако му бараш милијарда на директорот на фејсбук, барем не го прави тоа преку твитер! Овој пост доби лајк од самиот Цукерберг!




Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)

Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии.

Над 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)

Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот.

„Гарантирани пензии“ и „Заштитете ги“ беа напишани на транспаренти што ги држеа некои од демонстрантите. Околу 25.000 луѓе протестираа, според податоците што градската администрација на Мадрид ги достави до АФП.

Демонстрант: Младите се разбудија

Хуан Фернандез (38), државен службеник во Севиља, рече дека живее „во неизвесност“ за својата идна пензија и се спротивставува на реформата на системот, која, според него, би ја отворила вратата за приватизација во која би имало и победници и губитници.

„Пензиите мора да бидат недопирливи!“ додаде Пилар (64), кој е пред пензионирање, жалејќи се на „општата тенденција кон приватизација“.

Таа, исто така, го поздрави фактот дека „прашањето за домувањето предизвика силна мобилизација“ во последните недели, особено кај младите луѓе кои, како што рече, „се разбудија“ и повика на „одбрана на сите јавни услуги“, како што се „образованието и здравството“.

Лидерот на десничарската опозиција: Ќе ги зголемиме пензиите ако победиме

Во понеделник, лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњез Фејоо објави дека неговата Народна партија (ПП) ќе ги зголеми пензиите во согласност со законот ако победи на предвремените парламентарни избори на 29 ноември.

Притоа, тој одговори на обвинувањата од владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), која тврди дека ПП сака да го реформира пензискиот систем со оспорување на сегашниот механизам за индексирање на пензиите со инфлацијата, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година.

На крајот на 2021 година, ПП гласаше против тој закон, критикувајќи ја неговата цена за државниот буџет. Во Шпанија, просечната пензија во септември изнесуваше 1.576 евра месечно, според податоците од Министерството за социјално осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј.

Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство.

По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење.

Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент.

Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство.

На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората.

Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ.

Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија.

Македонска православна општина за Мелбурн и Викторија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)

Драматични снимки од Калифорнија покажуваат минувачи како брзаат да му помогнат на човек додека тој се подготвува да скокне од кабината на камион што виси над патот.

Драма во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)

Луѓето се собираат под кабината и простираат ќебе, обидувајќи се да го ублажат неговиот пад, пренесоа Независне.

Видеото го прикажува човекот како излегува од вратата на камионот, а потоа виси над патот.

Минувачите држат простирано ќебе под него. Потоа човекот се пушта и паѓа кон толпата луѓе кои се собрале да му помогнат.

Камион во движење се судрил со патничко возило на автопатот I-5 во Сан Диего, пред да удри во средната пречка.

Кабината на камионот останала да виси над патот по судирот.

Четири лица во патничкото возило се однесени во болница. Степенот на нивните повреди не е веднаш познат.

Двете лица во камионот одбиле медицинска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер