2Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЗабаваКанје ја бара назад Ким, таа има непријатно изненадувањеКанје Вест не крие дека сака да се смири со сопругата Ким Кардашијан, а сега на концерт јавно ја покани да му се врати.Канје одржа хуманитарен концерт со раперот Дрејк, а на концертот беше присутна и Ким. Вест ги промени стиховите на една негова песна на големо воодушевување на публиката. „Сакам да се вратиш кај мене, само ти, Кимберли“, беше додадениот стих на Канје, па затоа хаштагот #kimberly моментално е еден од најпопуларните на социјалните мрежи. Дел од фановите на социјалните мрежи се воодушевени од гестот на раперот, додека другиот дел смета дека Ким не треба да се двоуми. - Ким, случајно да не нападнала, оваа песна воопшто не е напишана за тебе! – напишал еден корисник на Твитер, алудирајќи на тоа дека песната е напишана за поранешната девојка на Канје, Амбер Роуз. Само неколку часа по концертот, Ким наводно поднела барање за правна разделба, според кое таа сепак би била во брак со раперот, но легално би живеела одвоено од него. Доколку судот одобри, прашањето за старателството и заедничкиот имот би се одвоило од нивниот брачен статус. Исто така, таа наводно поднела барање за отстранување на презимето Вест од нејзиното име, пренесува TMZ. Ова не е прв јавен крик за помирување на Вест, па неодамна на својата Инстаграм стори објави фотографија од бакнеж со Ким, со која напиша: - Морам да одам дома! – пренесуваат медиумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаСрбин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир КапијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отвореноНа 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител. Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57