Канев: Бугарија упорно одбива да ги спроведе одлуките на Судот во Стразбур и тоа е проблем - Канал 5

Канев: Бугарија упорно одбива да ги спроведе одлуките на Судот во Стразбур и тоа е проблем

Во Бугарија е опасно да се изјасниш дека си Македонец, вели за Канал 5 Красимир Канев, претседател на бугарскиот Хелсиншки комитет.

Канев: Бугарија упорно одбива да ги спроведе одлуките на Судот во Стразбур и тоа е проблем

Според Канев најсериозниот проблем за Македонците во Бугарија е нивното признавање.

Главниот проблем на Бугарија е признавањето на македонскиот идентитет, вели ексклузивно за Канал 5 Красимир Канев претседател на бугарскиот хелсиншки комитет.

-Бугарија упорно одбива да ги спроведе одлуките на Судот во Стразбур и тоа е сериозен проблем. Бугарските судови не ги регистрираат македонските здруженија бидејќи не го признаваат македонскиот идентитет. Најсериозниот проблем за Македонците во Бугарија е нивното признавање, смета Канев.

Целиот разговор на Јован Ѓорговски со претседател на бугарскиот Хелсиншки комитет Красимир Канев погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. 

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот на разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието

Предлогот за разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието. 

Предлогот на разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието

Седницата е закажана за понеделник 13 јули, со почеток од 11 часот.

Списокот со осум нови министри денеска е испратен во Собрание, со што ќе се реконструира една третина од владиниот кабинет. Лидерот на ВРЕДИ, Билјал Касами, изрази задоволство од кадровските измени и потенцираше дека односите во коалицијата се коректни и без заткулисни игри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен Булевар

​Градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар напредуваат според предвидената динамика, а со секој нов чекор проектот се приближува до својата завршница.

Јанчев: Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен Булевар

Со завршувањето на кружниот тек ќе се создадат подобри услови за одвивање на сообраќајот, ќе се намалат застојите и ќе се овозможи побезбедно и поефикасно движење за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме посветено да реализираме проекти што носат трајни придобивки за граѓаните, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер