3Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
ЗабаваКандидатките за Мис Универзум дефилираа во нарадни носии, Украинката привлече внимание (ВИДЕО)Вечерва во Њу Орлеанс се одржува 71-от избор за Мис Универзум.Оваа недела се одржа претнатпревар на кој девојките прошетаа во вечерни фустани, костими за капење и ги покажаа своите народни носии. Со овој претнатпревар 84 девојки од целиот свет се обидоа да го освојат своето место во топ 15, а во финалето ќе се знае која успеала. Но, да се вратиме на националните носии на девојките. Судејќи по фотографиите и видеата од претнатпреварот, на сцената имаше сѐ. Од полуголи костими со светки и бисери, до целосно затворени фустани со национални детали, до костими со посебна порака до светот. Некои девојки навистина се трудеа да го кажат зборот за нивниот костим. Ukraine is SLAYING on stage, along with her beautiful feathered wings. What an inspiration to all. 💙 #MissUniverse pic.twitter.com/bP3LA4gDsx — Miss Universe (@MissUniverse) January 12, 2023 Најмногу внимание привлече девојката од Украина, чиј костим и порака сега го коментираат бројни корисници на социјалните мрежи. Украинката Викторија Апасенко прошета во костим инспириран од Архангел Михаил, воинот на светлината кој го победува злото. Таа носеше бел фустан со златно елече, а на крилата ги носеше боите на Украина. Таа рече дека нејзиниот костим е инспириран од војната во Украина. The red silk is SERVING right now! ❤️✨ Tune in NOW to the 71st #MISSUNIVERSE Preliminary Competition airing LIVE on the official YouTube channel. pic.twitter.com/xVjJqgfGu9 — Miss Universe (@MissUniverse) January 12, 2023 Иако Русинките беа исфрлени од бројни светски натпревари поради инвазијата на Украина, на една Русинка ѝ беше дозволено да се натпреварува на Мис Универзум. Што се однесува до народната носија, Ана Линикова носеше мини фустан украсен со бисери и полускапоцени камења, а над него црвен кадифен фустан со големи ракави. Таа носеше круна на главата. Ана рече дека нејзината тема за националната носија е Руската империја. This dress is EVERYTHING. 💃🏿 🤍 #MissUniverse pic.twitter.com/RQYV45Q9s0 — Miss Universe (@MissUniverse) January 12, 2023 Освен нив две, костим со порака имаше и Мис на Велика Британија, Ноки Симбани. Таа иѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора во нејзиниот платинест балски фустан, со наметка и круна. View this post on Instagram A post shared by Miss Universe Croatia Org (@missuniversecroatiaorg) Имаше многу девојки и нивните народни носии (поточно 84), а во продолжение ви пренесуваме некои од нив кои се истакнаа. Cameroon walking the stage with her costume focusing on agricultural movement! WHAT A BEAUTY! #MissUniverse pic.twitter.com/7sefZt3ft2 — Miss Universe (@MissUniverse) January 12, 2023 The RUBY RED is everything. Tune in NOW to the 71st #MISSUNIVERSE Preliminary Competition airing LIVE on the official YouTube channel. pic.twitter.com/Z5GkxXECzx — Miss Universe (@MissUniverse) January 12, 2023 The details in this costume are stunning. ✨💙#MissUniverse pic.twitter.com/1NkN7VHlq7 — Miss Universe (@MissUniverse) January 12, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаШтерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 годиниЗа само две години, Мицкоски и неговата Влада ја задолжија државата со околу 4 милијарди евра нов долг.Околу 8 милијарди евра се вкупните задолжувања на сите влади во 35 години независна Македонија. Мицкоски за само две години направи половина од тој долг. Ова е економска неодговорност - опасно трупање долгови врз грбот на граѓаните. Ова е темпо на задолжување какво што Македонија не видела во својата историја. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра, односно над 65 % од БДП, а каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра. Овие нови 4 милијарди евра не се ниту за подобрување на стандардот на граѓаните, ниту за мерки за граѓаните и капитални инвестиции, ниту за подобар живот. Ова се пари кои одат директно на контото на ВМРО ОКГ - во криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата криминална организација. И додека ја задолжуваат државата со историски размери, граѓаните за две години се соочија со тешка сиромаштија. Може Мицкоски да раскажува приказни за „трета економија“ во Европа и стабилизирана инфлација колку сака, реалноста што граѓаните ја живеат е сурова. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Синдикалната кошничка е постапена за 10.000 денари. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. Статистиката ја гледаат граѓаните преку празниот фрижидер и паричник, високите сметки и поскапата храна. Вистината е дека Мицкоски ја задолжува државата до плафон, а граѓаните ги остава да живеат од ден за ден. Четири милијарди евра нов долг за само две години - а граѓаните немаат подобар живот. Имаат само нови долгови, повисоки цени и понизок стандард. Ова не е економска политика. Ова е сметка што ВМРО-ОКГ ја испраќа на грбот на граѓаните. И таа сметка допрва ќе стигнува. Прес-конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter