Кандидатите за градоначалници презентираа дел од нивните проекти и визијата за Скопје - Канал 5

Кандидатите за градоначалници презентираа дел од нивните проекти и визијата за Скопје

Големите, капитални инфраструктурни проекти во фокусот на кандидатите за градоначалник на Скопје на три дена до изборите.

Кандидатите за градоначалници презентираа дел од нивните проекти и визијата за Скопје

Булеварот „Хрватска“ ќе биде најамибиционзиот инфраструктурен проект во историјата на Скопје – на овој начин го започна денешниот прес кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој претстави 40 проекти. Градот вели ќе се шири кон исток и запад, ќе се довршат мостовите кои сега ништо не поврзуваат, а најави и изградба и довршување на нови мостови, булевари и клучки.

-Воспоставуваме стратешко поврзување помеѓу Гази Баба, Бутел и Чаир, како дел од внатрешната обиколница на Скопје. Тоа ќе овозможи побрз проток на сообраќај, ќе го ослободи центарот од транзитните возила и ќе отвори нови можности за економски раст и локална поврзаност. - Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје – ВМРО-ДПМНЕ

Неконтролираната градежна експанзија го задуши градот јужно од Вардар, Скопје мора да се развива кон север, порача кандидатката на СДСМ – Каја Шукова. Според неа, нова инфраструктура и булевраските решенија во тој дел ќе привлечат инвестиции, ќе се обезбеди балансирана урбана слика. Смета дека пренасочување на сообраќајните приоритети се нужност - Скопје да премине од град на автомобили, во град на луѓе.

-Наместо автомобили, на врвот на пирамидата мора да бидат пешаците и велосипедистите. Потребно е да се посвети големо внимание и проектирање и изградба на северните булевари со должина од речиси 15км. Тие ќе обезбедат алетрнативна врска меѓу исток и запад, заобиколувајќи го градското јадро кое во иднина треба да го претвориме во пешачка зона. - Каја Шукова – Кандидат за градоначалник на Скопје – СДСМ

Дел од кандидатите за прв човек на Скопје беа дел и од вчерашното „Само вистини со Видиновски“, каде ги презентираа дел од своите планови за справување со хигиената, загадениот воздух, како и јавниот превоз.

16-те кандидатите за Скопје го имаат уште утрешниот ден да се обидат да го придобијат гласот на граѓаните пред првиот круг в недела.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар.

„Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи.

Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“.

Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови.

Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH.

Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата.

NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза.

Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер