Кандидатите за градоначалници на Скопје ја продолжија кампањата - Канал 5

Кандидатите за градоначалници на Скопје ја продолжија кампањата

Изборната кампања влезе во завршницата, кандидатите за прв човек на Скопје имаат уште пет дена до изборниот молк да ги убедат граѓаните дека се вистинскиот избор за метрополата.

Кандидатите за градоначалници на Скопје ја продолжија кампањата

Рехабилитација на постојната патека на кејот, со ново зеленило и соодветни ленти за пешаци и велосипедисти, најави кандидатката на СДСМ – Каја Шукова. Таа вели, долгорочно кејот е во план да биде дел од интегрираната мрежа на пешачки и вело-рути, кои би направиле една целина во Скопје. Шукова, дополнително, смета дека руинираните галии и врбите треба да се остранат, а Вардар да го врати својот сјај.

-Во план е изградба на зелена, безбедна и модерна пешачко-велосипедска патека, осветлена со лед систем, со уредено минорно и мајорно корито, со клупи, урбана опрема и јавен простор достапен за сите генерации. Овој дел од кејот ќе го поврземе Ѓорче со Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба, ќе создадеме 12км непрекината сино зелена оска низ градот,- Каја Шукова – Кандидат за градоначалник на Скопје – СДСМ.

Град кој функционира паметно, брзо и чесно, град во кој наместо врските, системот ја движи работата, посочи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој најави целосна дигитализација на градот, преку формирање на Смарт центар, со што градот би требало да се ослободи целосно од хартиена администрација. Воедно, меѓу проектите е и „Дигитален близнак на Скопје“, кој треба да овозможи интелигентно урбанизирање на градот.

-Ќе форимираме посебна организациона единица со назив „Смарт центар“ кој ќе биде срцето на дигиталната трансформација и со кој ќе се координираат сите проекти за дигитализација на градот, односно воведување на паметен град, овозможувајќи дигитално управување со транспорт, отпад, јавни ресурси и услуги преку податоци и анализи во реално време,- Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје – ВМРО-ДПМНЕ.

На кандидатот на „Искуство за успех“ – Александар Трајановски во фокусот денеска му беше јавниот превоз. Најавува одглавување на проектот БРТ и набавка на нови еколошки автобуси, кои би возеле на метан. Воедно, за средношколците планира да има посебни автобуси кои би ги земале од дома.

-Во нашата програма предвидуваме комбиниран систем и имплементација на двата паралелни проекти кои досега беа оспорувани од големтие политички партии, одглавување на процесот за БРТ системот и набавка на нови автобуси, еколошки би напоменал,- Александар Трајановски – Кандидат за градоначалник на Скопје – „Искуство за успех“.

Независниот кандидат, професорот Горан Марковски пак посочи дека само стручност може да го извлече Скопје од агонијата во која се наоѓа, односно да се обезбеди севкупен систем, од јавен превоз, простор, воздух и сето она што може да се нарече „градски живот“..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. 

ЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина

Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство.

„ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата.

Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен.

„Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари

Првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република  Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари.

Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари.

Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари.

Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии,  македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Колони од повеќе километри.

Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа.

Луѓе што сакаат само да стигнат до море.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски документи.

Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин.

Тие си обезбедија Европа за себе.

За граѓаните на Македонија не им е гајле.

Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери.

Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“.

Додека народот стои во колона, тие летаат.

Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши.

Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер