Канди е најевтиниот електричен автомобил што може да се купи во САД

Кинексиот произведувач Канди на американскиот пазар ќе има понуда од два електрични модели- К27 и К23.

Обично кога слушаме за електрични автомобили во САД, помислуваме на моделите од марката Тесла кои чинат и преку 100.000 долари.

Но Канди е доказ дека на американскиот пазар може да се купат и значително поевтини електрични автомобили.

Овој произведувач претстави два мали градски автомобили кои ќе се продаваат во САД.

Станува збор за возилата К27 и К23, а најпрво ќе им бидат достапни на купувачите во Тексас.

Основниот модел Канди К27 ќе користи батерија со капацитет од 17,69 kWh, што е доволно за автономија од околу 160 километри.

Фабриката до сега ги нема објавено спецификациите на погонската единица. Почетната цена на овој модел изнесува 20.499 долари. Меѓутоа со државните субвенции, овој автомобил во САД може да се купи за само 12.999 долари.

Освен овој модел, Канди во својата понуда го има и поскапиот модел К23 со батерија од 41,4 kWh, која му овозможува на ова возило да помине и до 290 километри со едно полнење.

Канди К23 чини од 29.999 долари, но со стимулациите од државата може да се набави за цена од 22.499 долари.

Кинескиот произведувач најавува дека К27 и К23 ќе почнат да се продаваат во Тексас пред крајот на оваа година.

Подоцна овие модели ќе се продаваат и во остатокот од САД.

Случајот „Титаник" продолжува со сведоци на обвинителството

Ново рочиште за предметот „Титаник" е предвидено денеска да се одржи во Кривичниот суд Скопје.

Главните расправи изминатиот период во главно се одржуваа со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Поголемиот број на сведоци при нивните искази пред суд посочуваа дека никогаш не донирале средства за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. За информаците дека тие пополнувале уплатници во име на партијата сведоците наведуваа дека тие биле запознаети кога биле повикани од СЈО.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, екс-пратеникот Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничена за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. /МИА

ФИТР ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2"

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2", наменет за поддршка на стартап компании.

Презентирани ќе бидат проектите од првиот и вториот инвестициски бран, за кој беа обезбедени дополнителни средства од ФИТР.

На настанот што ќе се одржи на терасата на Музејот за соверемена уметност во Скопје согласно КОВИД протоколите, ќе присуствуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. /МИА

Дневен хороскоп за 22.септември 2020 година

Дневен хороскоп за вторник ,22.септември 2020 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате.

Кариера

Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори.

Здравје и совет

Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами.

Кариера

Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас.

Кариера

Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате.

Здравје и совет

Внимавајте на исхраната.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате.

Кариера

Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето.

Кариера

Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции.

Здравје и совет

Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот.

Кариера

Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно.

Здравје и совет

Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Посветеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила.

Кариера

Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи.

Кариера

Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава.

Здравје и совет

Може да ги предлагате своите идеи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи.

Кариера

Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално.

Здравје и совет

Издржете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете.

Кариера

Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно.

Здравје и совет

Нека ве води вашето знаење.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака.

Кариера

Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата.

Здравје и совет

Не правете ништо на своја рака.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Знаетед ека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни.

Кариера

Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро.

Здравје и совет

Вие сте комплетна личност.

притисни ентер